НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косовското Собрание денеска ќе гласа за нова Влада

0
By Нова ТВ on June 3, 2020 СВЕТ
Фото: balkaneu.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Косово за денеска (11 ч.) закажа вонредна седница на чиј дневен ред е гласање по предлогот на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти, за состав на новата Влада. 

ЛДК и Хоти објавија дека го обезбедиле потребното мнозинство од 61 глас во Собранието по постигнатиот договор за коалиција со Алијанса за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Социјалдемократска иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај, како и со партиите на српската и на другите немнозински етнички заедници. Ова доаѓа по изгласаната недоверба на досегашната Влада предводена од лидерот на Движењето „Самоопределување“ на 25 март.

Иако не одговори на неколкуте повици на Тачи да именува кандидат за формирање нова влада, Движењето „Самоопределување“ пред Уставниот суд го оспори неговото право за доделување на мандатот на друга партија, освен на победничка на последните избори. Од таму тврдеа дека нова влада може да се формира единствено по нови избори што би се одржале по завршување на пандемијата на ковид-19.

Минатиот четврток (28 мај), Уставниот суд го отфрли барањето на „Самоопределување“, а завчера ја објави и конечната одлука со што му се овозможи на Хоти да ја формира новата влада.

Од досега владеачкото Движење „Самоопределување“ најавија дека на денешната собраниска седница ќе реагираат „согласно мандатот добиен од граѓаните“, но одбија да одговорат на новинарските прашања за тоа какви дејствија ќе преземат.

Влада гласање Косово Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.