НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако нема нова вонредна состојба, избори на 5 јули

0
By Нова ТВ on June 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Иако Владата формално сè уште не се изјаснила дали е потребна нова вонредна состојбна, според изјавите на претставници на власта извесно е дека ново продолжување ќе нема. Тие тврдат дека е таквата потреба е исцрпена и оти фокусот, според уставните и законските рокови, треба да се стави на продолжување на изборните дејствија и одржување на предвремените парламентарни избори на 5 јули.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека вонредната состојба досега се носела заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството. Владата, потенцира тој, не гледа потреба да носи четврти пакет на економски мерки затоа што до есен ќе се реализира третиот сет кој е веќе донесен.
„Нема никакви причини Владата да бара нова вонредна состојба. Нема ни основ како да ја оправда. Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и уставно пропишано, а тоа е 22 дена од завршување на вонредната состојба, односно на 5 јули“, вели Заев и додава дека вонредната состојба нема врска со рестриктивните мерки поврзани со здравствените последици од коронавирусот.

И министерка за одбрана и потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска смета дека вонредната состојба не може да се продолжува во недоглед затоа што земјава не може да функционира без Собрание и треба да биде избрана Влада со целосен политички легитимитет.

„Ниту една демократска држава не може да си дозволи толку долго да функционира без Собрание. Прашањето за датумот за одржување на изборите не е прашање на политички желби или предмет на консензус на политички партии, туку тоа е уредено во Устав и закон“, рече вчера Шекеринска.

Артан Груби од ДУИ изјави дека неговата партија останува на одлуката изборите да се одржат во јули, изразувајќи уверување дека сите партии ќе учествуваат на изборите.

„Јас сум убеден дека ќе учествуваат сите партии во било кој термин што ќе го определиме за избори, затоа што не може да си дозволат луксуз да не учествуваат на избори што се признати од сите институции и од меѓународната заедница и со мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР“, рече Груби.

Тој смета дека се можни промени на Изборниот законик со што би се овозможило гласање во неколку дена – еден ден за пензионерите, вториот ден за оние кои се наоѓаат во изолација, а останатите во третиот ден.

Во врска со тоа дали опозицијата ќе учествува на изборите, ставот на ДУИ е дека бојкотот не донел успех на ниту една политичка партија, не сакаат да се мешаат во одлуките на другите партии, но посочуваат дека досега не го слушнале зборот бојкот од опозицијата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека не треба да се брза и дека е несоодветно воопшто да се размислува за избори во ситуација кога имаме по повеќе од сто заразени дневно и по неколкумина починати. Велат дека клучен фактор за одредување на датумот за избори е здравствената состојба со коронавирусот.

Вонредната состојба, четврта по ред, што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски, истекува в сабота на 14 јуни. Дотогаш се очекува Владата да донесе став дали ќе побара продолжување, од што зависи и терминот за одржување на предвремените парламентарни избори. Во меѓувреме, Владата донесе Уредба со законска сила со која им даде насоки на надлежните државни органи за продолжување на изборните дејствија и за подготовка на изборите.

Засега нема најава дали и кога би се одржала седница на Советот за безбедност на која би се разгледувало прашањето за вонредната состојба, а нема ниту иницијатива за нова лидерска средба на која политичките партии би се усогласиле за терминот за изборно соочување.

По последната одлука за вонредна состојба на 30 мај, претседателот Пендаровски изјави дека, според неговите сознанија, пред да се случат новите трендови поврзани со пандемијата политичките партии биле блиску до договор за датум за избори, но оти поради развојот на ситуацијата и порастот на бројот на заболени и починати, разговорите се прекинати.

Оттогаш, никој официјално не потврди дали разговорите за усогласување на датумот за избори продолжиле или не.

За изборите и за состојбата со Ковид-19, синоќа со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски телефонски разговарал еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји.

Вархеји на Твитер напиша дека ја истакнал важноста од слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, водејќи сметка за состојбата со Ковид-19 и за потребата од економско закрепнување. Освен објавениот кус твит, Вархеји не открива повеќе детали од разговорите со Заев и Мицкоски.

Шефот на државата, почнувајќи од 18 март досега донесе четири одлуки за прогласување на вонредна состојба – првите две во времетраење од 30 дена, а вторите по две недели.

Артан Груби вонредна состојба датум Зоран Заев избори Оловер Вархеји Радмила Шеќеринска Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.