Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре се отвораат границите: Без тест и карантин во Србија, Албанија, Косово и Турција

0
By Нова ТВ on June 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2020 09:46

Македонија утре ги отвора сите гранични премини согласно одлуката на Владата во вторникот, а по препорака на Комисијата за заразни болести. На истата владина седница беше донесена и одлука за отворање и на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид на 1 јули.

Со одлуката за целосно отворање на државните граници, македонските државјани ќе можат слободно да патуваат без обврска за негативен ПСР тест за коронавирус и задолжителен 14 дневен карантин во Србија, во Албанија, во Косово и во Турција и за враќање во земјава. Таквата обврска, сепак, останува да важи за влез во некои земји во регионот и во ЕУ-членките.

За патување во Бугарија и Грција како земји членки на ЕУ важат насоките дадени од ЕК за отворање на границите од 1 јули. Оваа одлука е најавена на повторно разгледување меѓу членките на Унијата утре поради растот на бројот на заболени од коронавирусот во земјите во регионот.

Во меѓувреме, Словенија и Хрватска најавија можност за заострување на граничниот режим и повторно враќање на обврската за двонеделен карантин за лицата кои доаѓаат од Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и Косово, имајќи ја предвид епидемиолошката слика во овие земји. Бугарија, пак, ја продолжи вонредната состојба во земјата до 15 јули поради новиот бран на заразени со коронавирусот.

Премиерот Оливер Спасовски вчера потврди дека отворањето на границите не е никаква политичка одлука во врска со претстојните избори, туку се темели исклучиво на епидемиолошките анализи и мислењето од Комисијата за заразни болести.

„Отворањето на границите го најавуваме веќе подолго време, зависно од анализите што ги прави Комисијата за заразни болести, а тие, пред сè, се темелат на епидемиолошката слика кај нас, во регионот и во поширокото опкружување. Европската унија ги отвори границите за државите членки, а од 1 јули се најавува и кон трети земји меѓу кои и државите од целиот наш регион“, рече Спасовски.

Според него, крупните рестриктивни мерки го дале својот максимум, а она што сега останува е преку личната одговорност да се придонесе колку е можно повеќе да се држи вирусот под контрола.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик. Според него, отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.

„На почетокот на кризата имавме случаи на лица кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Не може ниту една држава од светот да живее затворена во своите граници. Сметам дека со отворање на границите и контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти“, посочи министерот Филипче.

Аеродроми Граници Карантин Коронавирус Македонија патување ПСР тестови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.