НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев најави инвестиции на „Еколог“, на ИКЕА и на „Блекстон“, Мицкоски не ги откри трите адути

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Домашната компанија со меѓународно реноме „Еколог“ од Тетово, шведска ИКЕА и американската „Блекстон“ се трите компании што ги наброја лидерот на СДСМ, Зоран Заев во синоќешниот ТВ дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои ќе инвестираат во земјава по 15 јули. И лидерот на опозицијата, како бројка, истакна три компании за кои рече дека ќе инвестираат во првите 100 дена од мандатот на новата влада. Ги опиша како големи и мултинационални, но остана дискретен без да ги наведе нивните имиња, ниту, пак, дејноста со која се занимаваат.

„Еколог“, според Заев ќе инвестира околу 300 милиони евра врз основа на Законот за стратешки инвестиции. На чело на компанијата е Лазим Дестани, човекот за кој дел од медиумите шпекулираа дека ќе биде кандидат на ДУИ за прв премиер Албанец. Компанијата со седиште во Тетово веќе неколку сезони е главен спонзор на фудбалскиот клуб Шкендија.

Домашната компанија „Еколог“, според Заев ќе инвестира околу 300 милиони евра врз основа на Законот за стратешки инвеститор, за што повикот уште трае.

Лидерот на владеачката партија ја посочи и ИКЕА како инвеститор во Македонија во наредниот период. За шведскиот бренд рече дека ќе инвестира во наредните четири години, без притоа да спомене сума.

За „Блекстоун“, Заев рече дека ќе инвестира во т.н. драјпорт меѓу Велес и Демир Капија, односно индустриска зона за менаџирање на сите стоки од солунското пристаниште од Солун која ќе биде примамлива поради поевтиниот складиштен простор. Драјпорт или пристаниште „на суво“ е внатрешен интермодален терминал, директно поврзан со пат или железница до морско пристаниште и функционира како центар за претовар на товарот до внатрешните дестинации.

Во контекст на инвестициите, Заев го спомена и „Фреш фуд“, партнер на КФЦ, компанија за која истакна дека „во 10 града прави вкупни инвестиции од над 100 милиони евра во производство на домашно македонско пиле“.

Мицкоски возврати дека во првите 100 дена по преземање на власта ветува три големи мултинационални инвестиции, но, како што нагласи, имињата на компаниите ќе ги соопшти на првиот ден како премиер.

„Три компании ќе донесат одлука да инвестираат во Македонија во првите 100 дена по промената на власта. Нивните имиња ќе ги откријам на првиот ден во експозето што ќе го дадам како премиер. Засега можам да кажам дека тоа се сериозни мултинационални компании што ќе инвестираат сериозен капитал во земјава“, рече Мицкоски. 

ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев Избори 2020 СДСМ ТВ дуел Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.