НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Поднесени вкупно 2.141 приговори за резултатите од изборите, 1.982 од „Левица“

0
By Нова ТВ on July 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До Државната изборна комисија (ДИК), до синоќа во 19:30 часот кога истече рокот, се поднесени вкупно 2.141 приговор за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите. Рокот за произнесување по нив е 72 часа, па очекувањата се дека ДИК ќе закаже седница за денеска или најдоцна утре (понеделеник) на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува по приговорите.

Најголем број на приговори, дури 1.982, поднеле од Левица, а Алијансата за Албанците која на изборите настапи во коалиција со Алтернатива вчера и завчера поднесе вкупно 151 приговори, два достави и ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирање на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори. До ДИК е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето. Прексиноќа во 21 часот, пак, заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат по објавата на неофицијалните конечни резултати од ДИК во четвртокот попладне.

Државната изборна комисија во меѓувреме објави соопштение на својата интернет страница со кое ги корегираше резултатите од предвремените парламентарни избори на 15 јули. Како што се наведува во објавениот Заклучок за исправка на технички грешки, вкупниот број на избирачи кои гласале изнесува 943.750, што е за 1.416 повеќе од првично објавената бројка, а вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.564 или за 98 повеќе.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека изборниот процес бил нарушен и обвинуваат за, како што велат, најголемиот и најмасовниот поткуп и фалсификат на изборната волја и побараа рачно пребројување на гласачките ливчиња.

„Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вклучително и рачно пребројување на гласачките ливчиња, затоа што не смее да има црна дамка на процесот при ваков масовен поткуп и фалсификат. Имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30.000 несвојствени за ваква излезност на еден изборен процес. Да потсетам уште еднаш, дека функционери на СДСМ и нивни експоненти јавно водеа кампања да се шкртаат ливчиња, претставувајќи го како повик на ВМРО-ДПМНЕ, што е кривично дело во изборен процес. Потребно е да се заштити волјата на граѓаните и да се тргне дамката од изборниот процес“, рече на прес-конференција партискиот портпарол Димче Арсовски.

Од СДСМ, пак, посочуваат дека на слободни, фер и демократски избори победи нивниот концепт и коалицијата „Можеме“ и му порачаа на ВМРО-ДПМНЕ и на Мцкоски причините за поразот да ги бараат кај нив, наместо да бараат алиби. Воедно го повикаа претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, да даде одговори пред јавноста за случувањата на денот на изборите и објавувањето на резултатите

„На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера, граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“. Победи концептот за напредок, концепт што носи кон ЕУ и НАТО, концептот кој враќа назад е поразен, поразени сите се анти НАТО и анти ЕУ политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Оливер Деркоски, претседателот на ДИК, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ должи одговори пред јавноста за случувањата на денот на изборите и објавувањето на резултатите. Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе“, стои во реакцијата на СДСМ.

Алијанса на Албанците ВМРО-ДПМНЕ Дик Избори 2020 Левица приговори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.