Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По Попоски и Рангелова, на одговорност на Мицкоски повикаа и Тодоров и Мијалков

0
By Нова ТВ on July 22, 2020 ВЕСТИ
Фото: opserver.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 22, 2020 15:58

По вчерашните јавно изнесени пораки од двајца членови на ВМРО-ДПМНЕ (Никола Попоски и Даниела Рангелова) за потребата од понесување на одговорност од лидерот Христијан Мицкоски за резултатите од предвремените парламентарни избори, денеска нови две во тој контекст. Првата е од поранешниот Никола Тодоров, поранешен министер за образование, но и за здравство, додека втората е поранешниот прв човек на Управата за безледност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Неопходноста од промени и обединување во ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров ја изрази преку колумна во „Дојче Веле“. Порачува дека не треба да се сфати тенденциозно и оти нема намера да се сити на изборните резултати, бидејќи тоа било спротивно на недовите принципи и идеали, туку едноставно ја нагласува потребата од единство во партијата.

„Не ми е поентата да критикувам, уште помалку да се ситам на поразот. Тоа не е добро и е спротивно на моите принципи и идеали. Она на што сакам искрено да повикам е единство. Потребно ни е обединување. Ни треба силна, прогресивна, европска, централно-десна народна партија базирана на инклузивност, а не на исклучивост. Поставена на модерни постулати на умерен патриотизам, целосно ослободена од екстремниот национализам и популизам. Ни треба ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да го победи СДСМ“, пишува Тодоров во дел од својата колумна со наслов „Обединување под нови постулати“.

Тодоров не е директен во барањето за оставка на Мицкоски, меѓутоа веројатно алудира на такво нешто кога влече паралела од изборите во 2016 година на кои ВМРО-ДПМНЕ настапи под водство на екс премиерот Никола Груевски, а тој беше шеф на изборниот штаб.

„Евоцирајќи спомени од минатото, целава ситуација ме потсети на изборите во 2016 година, Груевски беше претседател, а јас бев шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, па додека ги чекавме изборните резултати, кои беа тесни како и овие, знаевме дека и еден глас да загубиме, и еден пратеник помалку да имаме, и тој и јас ќе си поднесевме оставка како врвен демократски чин. Ама сепак, тогаш победивме со 454 577 гласа“, коментира Тодоров.

Мијалков, пак, по изборите се јави со реакција на социјалните мрежи. Тој изрази скептичност дека некоја од албанските партии ќе прифати постизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со Левица и порача дека е чесно на членството да му се каже дека актуелното раководство и политики на партијата се поразени и дека нема да ја преземат власта. И Мијалков, како и Тодоров, потсетува на бројот на освоени гласови на ВМРО-ДПМНЕ пред претседателската смена Груевски-Мицкоски и резултатите што се забележани на последните три изборни циклуси.

„Шансите, според мене, се сведени безмалку на нула, но тоа е последната сламка за спас за која се држи ова раководство. За три години Христијан Мицкоски доживеа три тешки порази. На претседателските избори падна од 535.000 гласа во 2014 година на 319.000 гласа лани. На референдумот немаше став, но знаеме дека победи опцијата на власта и конечно потопот што се случи на 15 јули“, истакнува Мијалков.

Мијалков, кој беше исклучен од партијата во екот на превирањата околу референдумот и уставните промени, изрази сомнеж за коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со „Левица“ или некоја од албанските партии. Образложи и зошто. Скепсата околу „Левица“ ја поткрепи со заложбата во нејзината изборна програма за бришење на ВМРО што би значело останување само на ДПМНЕ, како и определбата за излез од НАТО, но и барањето за отповикување на признавањето на Косово. Иако вели дека шансите за формирање на парламентарно мнозинство се сведени на, речиси, нула, сепак, остава простор на Мицкоски да се обиде да состави влада за што доби овластување од Централниот Комитет на партијата.

„Искрено, се сомневам дека која било албанска партија ќе сака да влезе во авантура со Левица и со Мицкоски. Сметам дека е чесно да им се каже на членовите дека ова раководство и оваа политика на ВМРО-ДПМНЕ се поразени и дека нема да дојдат на власт. Сепак, не гледам зошто не би им се оставил уште еден краток временски простор за да се види дали ќе успеат и во најновото ветување дека и покрај поразот ќе успеат да состават влада“, смета Мијалков.

Според него, партијата на предвремените парламентарни избори ги остварила најслабите резултати од 2002 година. Само Љубчо Георгиевски во 2002 година беше полош на едни избори од Мицкоски сега, забележува Мијалков.

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 Никола Тодоров реакции Сашо Мијалков Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.