НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Статистика за период од 10 години: Повеќе наставници, помалку ученици и училишта

0
By Нова ТВ on July 31, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во основното, во средното и во високото образование од година на година се намалува бројот на ученици во влезната генерација како и вкупниот број на ученици, односно студенти. Најголем пад од 23,6 отсто, за период од десет години, е забележан кај бројот на запишани средношколци.

Во публикацијата „Северна Македонија во бројки, 2020“, што неодамна ја објави Државниот завод за статистика, во податоците за образованието во земјава е наведено дека во учебната година 2008/09 имало 94.387 средношколци, пет години подоцна (2013/2014) бројот паднал на 86.936, а намалувањето продолжило и во наредните пет години, па бројот на запишани средношколци во учебната 2018/19 изнесувал 72.123.

Во истиот период, пак, има зголемување на бројот на наставници и на средни училишта. Пред 11 години имало 6.720 наставници во средното образование за тој број да порасне на 7.597 во учебната 2018/19. Во учебната година 2008/09, пак, биле евидентирани 114 средни училишта, во 2013/14 имало пет повеќе (119), а во 2018/19 година да достигне до 138.

Опаѓање на бројот на запишани ученици има и во основното образование и тоа 13,1 отсто во учебната 2018/19 година во споредба со 2008/09 година.

Бројот на основци во учебната 2008/09 година бил 217.685, во 2013/14 паднал на 192.152, а негативниот тренд продолжил и во 2018/19, па настава во основното образование следеле 189.236 ученици. Намалување е забележано и во бројот на основни училишта – пред 11 години ги имало 1.052 или десет повеќе во споредба со учебните години 2013/14, односно 2018/19.

Иако се бележи намалување на бројот на ученици и на училишта, сепак, се бележи и зголемување на бројот на наставници во основното образование – во учебната 2008/09 ги имало 16.249, во учебната 2013/14 за околу 1.300 повеќе или поточно 17.549), како и во учебната 2018/19 во која предавале 18.580 наставници.

За 15,4 отсто е намален и бројот на запишани студенти. Во академската 2008/09 година биле запишани 63.437, во 2013/2014 ги имало 57.746, а во 2018/19 продолжил опаѓалкиот тренд на 53.677 студенти. И во високото образование низ годините се бележи зголемување на бројот на професори. Во академската 2008/09 година ги имало 2.182, во 2013/14 предавале 2.301 додека настава во студиската 2018/19 држеле 3.101. Овој податок на ДЗС се однесува само на наставниците, не и на соработниците во наставата.

Државен завод за статистика наставници образование Основци професори Публикација средношколци студенти училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.