Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Политиката не е пазар, туку мудрост и филозофија, се фокусираме на Влада

0
By Нова ТВ on August 4, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: alsat-m.tv/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 4, 2020 18:02

За мене политиката не е пазар и тоа е погрешното што се случуваше во минатиот парламентарен состав, туку е филозофија, а за некој пратеник да поддржи одредена политичка опција, треба да има определена точка што ќе го поврзе со понудената програма. Врз основа на разговорите и на луѓето во кои бескрајно верувам и се дел од пратеничката група „За обнова на Македонија“, не сметам дека постои некој кој ќе ја поддржи програмата на Заев, која би била програма за работа на идна влада предводена од СДСМ, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по конституирањето на новиот собраниски состав.

Одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето, Мицкоски уште еднаш изрази уверување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада, која, како што истакна, треба да биде реформска, со јасен план и визија за справување со предизвиците.

Мицкоски најави дека во периодот што следува, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зачести средбите со политичките партии кои се дел од сегашниот парламентарен состав, но не само со оние од албанскиот блок, туку и со оние од коалицијата на СДСМ. Можеби и тие, рече, ќе ја препознаат реформската програма на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја поддржат.

Искуствата од претходниот парламентарен состав, оцени Мицкоски, не може да бидат применети од овој состав.

„Да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозинство. Да, на оние пратеници на кои им пристапиле мистериозни личности што се повикуваат на раководството на СДСМ, пријдоа, кажаа и со згрозување ги одбија. И јас со згрозување одбивам да коменитрам ваков вид пазар зашто на тој начин само ги демотивираме и деморализираме нашите сограѓани за следните избори кои на една година од сега ќе бидат локални. Верувам во политичка мудрост, политичка програма и политичка филозифија, а не на пазар како што се случуваше во претходниот парламентарен состав“, нагласи Мицкоски.

Тој рече дека со Заев единствено се согласува дека е потребно формирање на стабилна, реформски ориентирана влада, без коруптивни афери и во која ќе партиципираат луѓе необременти со коруптивни афери и криминал, која ќе ги спроведе реформите и на која приоритет ќе и бидат судството, здравството и образованието.

Во однос на претстојните преговори, рече дека координација засега немале, туку се координирале, како што бил информиран, само координаторите на пратеничките групи од претходниот собраниски состав. На прашањето за ДПА, Мицкоски одговори дека Мендух Тачи своеволно ќе одлучи која програма ќе ја поддржи.

„На состаноците што претстојат, очекувам Тачи да донесе вистинска одлука, дали ќе остане во опозиција“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, но и во претстојниот ќе се насочи на преговори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи и нова Влада со фокус на решавање на вистинските проблеми, пред сè, со справување на предизвиците од Ковид-19 и со последиците од неа и справување со економската криза која е на повидок и сите ја чувствуваме, додаде Мицкоски по конститутивната седница во Собранието.

„Но, и што да се случи во преговорите во наредните денови, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат дел од овој парламентарен состав ќе бидат фокусирани исклучиво на предлози што ќе значат вистинска борба против корупцијата и криминалот. Ќе зборуваме гласно во новата влада која се надеваме дека ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и веднаш со интензивни мерки ќе се справиме со овие предизвици кои навистина ги мачат нашите граѓани“, потенцира Мицкоски.

Тој очекува да се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство што во иднина ќе поддржи, како што рече, една „вистинска реформска влада која на брза лента ќе ја однесе Македонија пред рамноправно членство во ЕУ“.

Мицкоски изјави дека грубо и спротивно на сите меѓународни препораки се менувал Изборниот законик и обвини дека последните избори се најнедемократски и корумпирани што се одржале во земјава.

Влада ВМРО-ДПМНЕ конститутивна седница Македонија мнозинство парламент Собрание Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.