НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Договорот меѓу Заев и Ахмети пред највисоките партиски тела на СДСМ и на ДУИ

0
By Нова ТВ on August 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Највиските партиски тела на СДСМ и на ДУИ денеска треба да го потврдат договорот за формирање на владина коалиција што вчера го постигнаа лидерите на двете партии, Зоран Заев и Али Ахмети. За вечерва (20 ч.) е закажана седница на Централниот одбор на СДСМ, а за претходно е најавен состанок и на членовите на Извршниот одбор.

Лидерот на партијата и мандатар Заев вчера во изјава за медиумите по средбата со Ахмети најави дека за постигнатиот договор ќе реферира пред највисоките органи на партијата, а ќе ги информира и партнерите од коалицијата „Можеме“, како и ДПА, кои ќе бидат вклучени во владината коалиција. Дел од коалицијата „Можеме“ се партиите Беса, Либерално-демократската партија, ДОМ и други.

ДУИ веќе најави дека попладнево (18 ч.) во Тетово е закажан состанок на Генералниот совет на партијата на кој ќе се разговара за изборите на 15 јули, а Ахмети ќе информира за договорот за коалицирање со СДСМ. По состанокот најавена е изјава на Ахмети.

Освен дека Талат Џафери останува претседател на Собранието, засега официјално не се откриваат персоналните решенија за министерските места. Мнозинството во Парламентот, со гласање за избор на старо-новиот претседател, се очекува да биде потврдено најдоцна до петок. Џафери сè уште не се изјаснил кога ќе го закаже продолжението на конститутивната седница.

Медиумите неофицијално пишуваат за договорените министерски позиции во новата влада, но најголем дел се однесуваат на партиите од албанскиот блок. Засега не се знае кога Заев ќе го објави  персоналниот состав на новата Влада. Тој вчера соопшти дека промени ќе има и дека во новата Влада ќе нема министри без ресор.

Договор ДУИ Избори 2020 коалиција Партиски тела СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.