Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за легализација на дивоградбите најдоцна до 11 јуни пред пратениците

0
By НОВА ТВ Balaban on May 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 27, 2021 12:30

За Законот за бесправно изградени објекти, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека е должен во рок од 30 дена да го врати повторно на разгледување во Собранието.

– На 11 мај е изгласан, најдоцна на 11 јуни треба да се најде на седница. На 8 јуни ќе се најде на дневен ред, информира Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

Џафери очекува до 8 јуни да се најде на дневен ред на следната седница барем една од двете интерпелации поднесени за министерот за правда, Бојан Маричиќ, и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.

Претседателот Џафери денеска најави дека до крајот на овој месец се очекува ребалансот на Буџетот да стигне во Собрание.

– Деновите кога ќе се разгледува ребалансот на Буџетот во Комисијата за финансирање и буџет, тие 10 дена Собранието нема да заседава, информира Џафери.

Во однос на тоа дали има најави за блокада од страна на опозицијата, Џафери посочи дека не може да се раководи од претпоставки. Засега, вели, нема таква најава, но не го исклучува тоа како можност.

Во врска со тоа кој е неговиот став околу изборот на моделот за изборни единици, тој рече дека една изборна единица е несоодветен модел за карактеристиките на нашето општество и држава. Идеален модел, според него, нема, но, моделот за шест изборни единици, како што вели, е најоптимален.

Џафери најави дека наредната седница се очекува да се одржи во редовната сала, но за тоа, како што рече, треба да дадат препорака Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Инаку, НОВА ТВ вчера објави дека Предлог законот за легализација на бесправно изградените објекти пред да стигне на пленарна седница за гласање ќе претрпи измени така што крајното законско решение ќе ги опфати само дивоизградените објекти на социјално загрозените категории.

дивоградби легализација пратеници Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.