НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог ребаланс на Буџетот најверојатно во јуни, најави министерот Бесими

0
By Sashko on June 1, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог ребаланс на Буџетот ќе се најде пред Собранието најверојатно во текот на јуни, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими вечерва во гостување на ТВ 24. 

– Ребалансот главно се однесува на тоа што ние веќе го имавме како ризик во контекст кај нас, динамиката на пандемијата и вакцинирањето, и со оглед на тоа дека имавме потреба дополнително да се продолжи со фискалната поддршка во економијата, така и потребите во здравство за вакцини и друго, значи од тие апсекти во главно и некои институции што имаа потреба во овој период се укажа потреба дополнително да се заокружат проектите. Тоа е причината за овој ребаланс, наведе Бесими. 

Веќе ја издадовме, како што рече, еврообврзницата и во јули ќе се вратат 500 милиони евра од 2014 година со каматна стапка заради економските услови во тој период повисока од оваа што сега успеавме да ја постигнеме.

– Значи ќе има една заштеда скоро за седумгодишен период од 80 милиони евра само по тој основ. Во однос на тоа што сега се планира, денеска добивме од ЕУ втора транша од 80 милиони евра буџетска поддршка, во разговори сме тоа што беше најавено од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 157 милиони евра да бидат дополнителна буџетска поддршка, така што тоа ќе бидат дополнителни средства, појасни Бесими.

Според него, досега не се разговарало за данок на финансиски трансакции како што имаше информации во јавноста, а Буџетот е во добра кондиција.

– Од она што го гледаме сега, приходите, реализацијата на Буџетот е во добра кондиција во споредба со истиот период лани, така што во овој период сите проекции ни се врз основа на постојниот даночен систем, наведе Бесими.

Тој повтори дека оптимизмот за најавениот економски раст од пет проценти го темели на четири столбови, односно, како што рече, закрепнување на економијата и поддршка во време на криза, одржливост во смисла на инфрастуктура и макроекономска стабилност, зајакнување на подготвеноста на приватниот сектор да биде конкурентен, како и зајакнување на човечкиот капитал. Тука, прецизираше тој, влегува и одржливиот раст за животна средина, дигитализацијата и други проекти, деловната клима. Но, ова, како што рече, е од аспект на реформите. Првата компонента, додаде, е на растот што го поставивме, втората е дека треба повеќе раст, повеќе инвестиции и отворање нови работни места и, како што посочи, во услови кога имаме ваква ситуација на фискален простор, се наметнува потребата на фискална консолидација во услови на еден план на инвестиции во јавниот сектор. 

– Ако гледаме на расходната страна ако сега на пример 2020 година, 29,6 проценти беа бруто инвестициите, со овој план се предвидува тие да достигнат 36,2 проценти од БДП, значи, до 2026 година постепено да се зголемува. Динамиката на раст на БДП да достигне во 2025 година 5,9, па потоа 5,7 во 2026 година, во просек да биде од 2,5 на 5 проценти. Ова подразбира со поддршката што ќе биде не само преку субвенции, туку тоа да биде и од буџетски програми, и преку институциите како што се Развојната банка, ФИТР и тоа што го спомнав во однос на планот за забрзување на раст за мултипликативниот ефект покрај државните средства, рече Бесими.

буџет вести економија Македонија ребаланс Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.