НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Шилегов е еден од нашите фаворити за локалните избори

0
By Sashko on June 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање дали ќе има заедничка поддршка со ДУИ на градоначалникот Петре Шилегов, кој вчера најави дека ќе се кандидира за втор мандат, рече дека тој дава поддршка на социјалдемократските градоначалници, потврдувајќи дека Шилегов е фаворит на СДСМ за претстојните локални избори.

-Неколку пати дадов коментар за коалициониот партнер ДУИ. Тие денеска ќе кажат тоа што имаат да кажат. Јас го поздравив заради тоа што сум информиран и се радувам што растеме, се унапредуваме, модернизираме. Јас сум претседател на СДСМ, секако давам поддршка на сите мои социјалдемократи посебно на градоначалниците заради тоа што четири години посветено работеа. На крајот одлуката во нашите органи и тела се носи согласно дослухот со граѓаните, рече денеска Заев.

Во врска со најавата на градоначалникот Шилегов за втор мандат, изрази уверување дека тој има изградено висок рејтинг заради тоа што, како што рече, се работеше и во време на пандемија и во време на референдум и на претседателски и на парламентарни избори сите овие четири години наназад.

– Убеден сум дека како и мене, така и нему, така и на заменичката претседателка Лукаревска и другите членови на раководството на СДСМ многу ни е важно граѓаните што мислат и како тие ги поставуваат работите. Локалните избори се избори на личности. Партиите се важни, се влијателни и се избори на личности. Шилегов е еден од нашите фаворити, јас тоа го кажав пред неколку месеци овде во Скопје. Но, истовремено е добра спојка помеѓу сите коалициони партнери заради неговата соработка. Секој од партиите ќе си каже, ќе се изјасни. Но, дефинитивно, јас реков, во заедништвото е успехот, силата, не мислам само на политичките партии, пред се мислам на граѓаните, но после тоа мислам и на локалната и на централната власт. Сите ние заедно можеме да дуплираме, триплираме ефекти од тоа што го работиме ако сме единствени, сплотени си помагаме и се разбираме помеѓу себе, рече премиерот Заев.

градоначалник Зоран Заев кандидат Македонија Петре Шилегов Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.