НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Балканот во ЕУ полесно ќе ја одбрани Европа од криминалот

0
By Ivana on June 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полесно ќе ја одбраниме Европа од криминалот ако бидеме дел од ЕУ и нашата позиција е јасна: ние сме на европскиот пат и притоа сме доследни, вели министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за словенечкиот весник „Дело“.

– Мнозинството граѓани сакаат да влеземе во ЕУ, целиот регион нема алтернатива во однос на членството во ЕУ. Ќе сториме сè за да ја постигнеме целта и да ги започнеме преговорите со ЕУ. Се надевам дека ќе се случи поместување уште пред почетокот на словенечкото претседателство на Советот на ЕУ, наведува Спаовски.

Тој посочува дека криминал и корупција нема само на Балканот и дека тоа не е нешто што е непознато и во западните држави.

– Се создаде перцепција дека кај нас има многу повеќе криминал и корупција отколку на друго место, а нашата задача е да го промениме тој впечаток. Во голема мера сме им посветени на реформите на законодавството, што е добро. Но, главното прашање е како да се реформираат умот и вредностите, за да престанеме да бараме дупки во законите. Ако успееме во тоа, сето останато ќе биде полесно, потенцира Спасовски.

Тој натаму нагласува дека е точен впечатокот оти балканската мигрантска рута годинава е порастоварена, додацвајќи дека во првите четири месеци годинава имаше за 17,2 проценти помалку обиди за незаконито влегување во Северна Македонија отколку во истиот период минатата година.

На констатацијата дека криминалците од различни држави многу полесно се разбираат отколку политичарите, Спасовски одговара дека криминалните структури се секогаш чекор пред државата, бидејќи ги спојува интересот.

Тој потенцира дека во општествата треба постојано да се бараат решенија, коишто ќе понудат соодветен одговор за криминалците, а истовремено и ќе ги заштитат човековите слободи и права.

Во однос на преземените мерки против Ковид-19, Спаасовски потенцира дека е задоволен од реакцијата на граѓаните на релативно строгите мерки, додавајќи дека статистичките податоци покажаа оти повеќе од 98 проценти од луѓето ги почитуваат мерките и не може да се почувствува поголем отпор кај луѓето.

– Клучна е транспарентната комуникација, да им кажете на луѓето дека Владата не сака да ги затвори, дека сме заедно во несреќата и дека тоа не му се допаѓа никому, но дека мора да сториме нешто за да се спречи ширењето на заразата. Се чини дека луѓето имаа доверба во нас и дека релативно добро ги прифатија мерките, заклучува министерот Спасовски.

балкан ЕУ Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.