Словенечка Мура ќе биде ривал на Шкендија во првото квалификациско коло за Лигата на шампиони на УЕФА. Ова е епилог по денешната ждрепка во Нион во која тетовци беа носители. Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје (6/7 јули), реваншот е седум дена подоцна во Словенија.
Во случај да ја мине првата пречка, Шкендија, а потоа се соочи со елиминација во второто коло, тетовските „црвено-црни“ ќе продолжат во квалкификациите за Лига Европа. Доколку, пак, не успее преку Мура, македонсккиот шампион ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига, најново клупско натпреварување под закрила на УЕФА.