НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

С. Македонија и Албанија се разочарани од одлуката на ЕУ: Европа да си го реши проблемот

0
By Sashko on June 24, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските официјални претставници изразија разочарување што Европската (ЕУ) Унија уште еднаш не и додели датум за почеток на преговори на С. Македонија поради бугарското вето. И Албанија, која е во пакет со нашата земја не доби датум за меѓувладина конференција. Премиерот Зоран Заев на маргините на Економскиот самит во Скопје изјави дека големата, визионерската идеја за обединета Европа денес има проблем. На Самитот вчера учествуваше и албанскиот премиер Еди Рама. 

Заев оцени дека одлуката на ЕУ да не ја закаже првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија е големо разочарување, но и огромен неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето и лоша порака за целиот регион.

– Брисел ни порача дека ЕУ не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е, тоа е проблемот. Тоа што 26 земји членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада на една земја членка тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ, истакна Заев на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Рама.

Негова порака до домашните и за европските граѓани и политичари е дека алармот е вклучен и оти суштината и вредностите на ЕУ се доведени во прашање.  

– Европските вредности се заеднички за земјите од ЕУ, но и за земјите кандидати за членство кои ги прифаќаат и ги развиваат. И еве денеска тие вредности се афирмираат од Западен Балкан – инклузивноста, мобилноста, толеранцијата, правдата, солидарноста. Треба да знаат сите од ЕУ кои овие вредности ги прифатија и ги промовираат како составен дел од европскиот начин на живот дека никој и со ниту еден акт не смее да ги доведе во прашање човечкото достоинство, еднаквоста и солидарноста, владеењето на правото, човековите права, рече Заев. 

Тој е дециден дека ние не сме сами и оти нема да бидеме изолирани, македонскиот и албанскиот народ, како што кажа, пред себе имаат ист пат.

– Ние не запираме, а знам дека на овој пат со нас се и Србија, Црна Гора, Косово, БиХ. Ние сме Европа без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не. Нашите народи и влади среде Балкан демонстрираат европски манири. Забрзано ги тргаме пречките и границите меѓу нас, за граѓаните, услугите и стоките да ни се движат слободно. Имаме заеднички идеи, предизвици и култури со нашите братски народи од регионот. И тука сме со премиерот Рама да најавиме дека ќе си ги зближиме уште повеќе народите, порача Заев.  

Потсети дека минатата недела со делегација на Владата беше во Софија, како што наведе, со отворено срце и подадена рака за решение и со подготвеност за исчекор во позитивна насока со Република Бугарија. Претходно, во Софија беше и премиерот Рама.

– Гласот на Бугарија да не ја одобри преговарачката рамка наспроти едногласниот став на сите останати 26 земји членки сметаме дека не е во духот на добрососедските односи, нагласи Заев.

Уште еднаш ја повтори позицијата дека европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатералните прашања.

– Остануваме посветени и не се откажуваме затоа што наша цел е европските вредности да ги донесеме овде до крај. Не е членството само заради членство во ЕУ. Во едни такви констелации ние во Бугарија потврдивме со обврската од португалското претседателство да доставиме патоказ или патна карта. Во самиот патоказ јасно се преземени обврските двете страни со конкретни датуми и конкретно задолжени институции во сите области за унапредување на соработка и буквално се сите области на коишто можеме да соработуваме, одговори Заев на новинарско прашање во врска со вчерашното соопштение од бугарското МНР во кое стои дека остануваат консултациите со С Македонија за спроведување на Договорот за добрососедство, но бараат да почнеме да ги спроведуваме преземените обврски на високо ниво од 17 јуни 2021 односно од посетата во Софија.

Албанскиот премиер Еди Рама од Скопје исто така ја коментираше одлуката на ЕУ.

– ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука. Што и да се случи, што и да се одлучи во Брисел ние ќе останеме посветени да ја зајакнеме економијата, да ја подобриме благосостојбата на нашите народи и да го сочуваме нашето достоинство.  ЕУ може да поставува задачи, може да поставува рокови, датуми, но не може да ја смени локацијата на Албанија и Северна Македонија кои се наоѓаат во средината на Европа, ниту иднината на нашите народи како европски народи во европското семејство, рече Рама.   

Ние, кажа тој, повторно ќе треба да чекаме, но ќе продолжиме да го правиме истото, и да се потпираме на себе, а не само на тоа што го кажува Брисел. Тој ја нагласи важноста од регионалната соработка за напредок на регионот. Според него, по решавањето на спорот со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор, сите имаат право да се чувствуваат фрустрирано од блокадата која, овој пат, доаѓа од Бугарија. Рама рече дека неуспехот да се донесе одлука за почеток на преговорите со С Македонија и Албанија е неуспех на ЕУ.

Албанија Еди Рама ЕУ Зоран Заев Македонија преговори Проблем членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.