Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До крајот на неделата се очекуваат 600.000 дози на вакцини

0
By Sashko on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 25, 2021 10:05

Сто илјади дози на вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во државава. Вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Откако Агенцијата за лекови ќе издаде дозвола за пуштање на сериите во промет, тие ќе се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела, најави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека задутре во 14 и во 16 часот на аеродромот во Скопје ќе пристигнат и 500.000 дози од вакцините на „Синовак“.

Тој смета дека засега нема голем ризик од нов бран на пандемијата со ковид-19, но предупредува на внимателност и најавува забрзано темпо на вакцинација. Во тој процес, како што посочи, приоритет ќе имаат наставниците за да може да почнат со работа во училиштата од наесен, за што веќе се финализираат протоколите.

– Проценките и анализите што ги правиме за состојбата во околните земји, засега не укажуваат на некој голем ризик од нов бран во скоро време, но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и будно да ја следиме состојбата. Има случаи на заразени граѓани дури и вакцинирани во некои земји со индискиот сој, а тоа што е добро е дека во огромен процент над 97, 98 проценти, тие случаи не бараат хоспитализација, што значи дека клиничката слика е послаба.  Затоа сега следи навистина едно навистина забрзано темпо на вакцинација ширум државата во сите пунктови, додаде Филипче.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани беа 10 нови случаи на ковид-19 од направени 2.302 тестирања, тројца починати пациенти и 17 оздравени. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројот на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а на активни случаи изнесува 241 од кои 89 во Скопје.

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Од Министерството за здравство информираа дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 285.957 граѓани. Вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 граѓани.

вакцини имунизација Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.