НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Муцунски: Без двоумење ќе го блокираме предлог законот за еколошката такса

0
By Sashko on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еколошката такса е погрешна мерка во погрешно време, оцени Тимчо Муцунски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиумите. Предлог-законот мина на последната владина седница и беше проследен на усвојување до Собранието, но опозициската партија денеска јасно, како што велат од таму, порача – „без двоумење ќе го блокираме“.

– Користејќи ги сите постоечки демократски механизми, ќе го спречиме неговото донесување. Во случај мнозинството да продолжи да го прави тоа што го прави најдобро, а тоа е насилно и надвор од процедура да донесе уште еден закон кој удира по џебот на граѓаните, тогаш приоритет на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосна ревизија на сите анти-пазарни политики, меѓу кои и високите даноци, нагласи Муцунски.

Муцунски ја обвини владата на СДСМ и на ДУИ за отсуство на опипливи политики во насока на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

– Наместо тоа, предлагаат воведување на еколошка такса, која ја затскрива реалноста дека истата се воведува како форма на кризен данок. Наместо државата да се грижи за инвестиции во зелени проекти, Владата има намера да наплаќа од секој граѓанин и од секоја компанија, со цел да финансира проекти што нема да постигнат некој значителен ефект, освен можеби политички да го оправдаат ребрендирањето на еден од своите коалициони партнери, наведе членот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата партија, вели тој, ќе нема задршка во однос на потребата за адресирање на современите еколошки предизвици, но за тоа истакна дека постојат редица на прифатливи начини, други финансиски инструменти и соодветни мерки.

– Вo овој тежок кризен период не смееме да дозволиме најсилно да бидат оштетени граѓаните и стопанските субјекти. Токму oвој владин предлог за воведување на нова давачка со која практично се зголемуваат цените на горивата за граѓаните, со сигурност ќе влијае за нов бран на зголемување на цените на транспортот и на сите други производи, зголемена неконкуретност на македонските компании на светскиот пазар, за да во овие кризни времиња има потенцијал да предизвика и дополнителен шок на целата македонска економија. Ваквиот Предлог-закон е силен доказ и за антипазарниот пристап на Владата, на која од самиот почеток и недостасува сериозен и остварлив концепт за борба против сиромаштијата, засилен економски развој и барем минимално подобрување на животниот стандард на граѓаните, истакна Муцунски.

блокада ВМРО-ДПМНЕ Еколошка такса Македонија Собрание Тимчо Муцунски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.