На прес-конференцијата со хрватскиот министер Грлиќ, Филипче рече дека дека разговарале за епидемиолошката ситуација и за мерките. Споделиле, како што рече, некои искуства, видувања, предвидувања, планови за идниот период.
– Хрватска се покажа како еден многу добар менаџер во текот на почеток на кризата кога го водеа – претседателствуваа со ЕУ, а тоа беше првата половина на 2020 година кога активираа многу механизми и кога еден навистина хетероген систем во смисла на различни здравствени системи во рамките на ЕУ требаше да одговори унисоно. Во таа смисла, разговаравме и за тоа што би можело и како да биде ситуацијата во есенските месеци и секако организацијата на целокупните процеси во текот на летните месеци, рече Филипче.