НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најава за проценка: Можни нови мерки за заштита од делта сојот

0
By Sashko on July 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имунизацијата против ковид-19 во државата се одвива непречено, тврдат надлежните и најавуваат дека до петок ќе бидат вакцинирани пола милион граѓани. Од денеска е активна и веб-страницата за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале во странство, а во понеделник ќе се разговара и за евентуални нови мерки за заштита на границата против ширењето на делта сојот на вирусот.

Комисијата за заразни болести в понеделник ќе треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме од ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој веќе се рашири низ Европа, и дали има потреба од воведување нови мерки во однос на заштита на границите.

Инаку, Министерството за здравство (МЗ) најмногу е фокусирано на вакцинацијата, а министерот Венко Филипче очекува до петок да бидат вакцинирани околу 500.000 граѓани.

– Поделени се сите вакцини, согласно бројот на пријавени граѓани. Во вторник ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени граѓани во сите градови, освен во Скопје, во Тетово и во Битола. Во овие три градови ќе се вакцинираат сите пријавени граѓани до петок, што значи дека вкупната бројка на вакцинирани граѓани ќе биде околу 500.000, најави Филипче.

Тој потенцира дека теренска вакцинација ќе се интензивира следната недела и ќе придонесе да се вакцинираат жителите кои се хронично болни и помалку подвижни, а кои живеат во оддалечените места околу големите градови. Во однос на вакцинирањето на трудниците и доилките, ставот на Стручниот комитет е дека за нив треба да се преферира вакцината на „Фајзер“.

– Нема контраиндикација за ниту една вакцина, но се дава предност на фајзеровата вакцина, рече Филипче.

Според последниот извештај на МЗ, вакцинирани се вкупно 346.836 граѓани. Вкупно се аплицирани 572.176 дози на вакцини, а ревакцинирани се 225.340 граѓани.

– Со последните бројки, 52 отсто од населението над 70 години, 49 отсто од населението над 65 години и 43 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопштија од МЗ.

Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата „vakcinacija.mk“ досега е 481.809 граѓани. Масовната вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, во Куманово, во Тетово, во Штип, во Битола, во Струмица, во Охрид, во Велес и во Прилеп.

Што се однесува до оние граѓани кои се вакцинирале во странство, а сакаат да се ревакцинираат во државата, тие можат да се пријават на веб-страницата „https://vakcinacija.mk/revaccination“, која ќе биде во функција до 10-ти месецот.

делта сој имунизација Ковид-19 Комисија за заразни болести Македонија мерки МЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.