Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕМА: Можна врска меѓу срцеви заболувања и вакцини на Фајзер/Бајонтек и на Модерна

0
By Sashko on July 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 9, 2021 17:17

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја утврди можната поврзаност меѓу ретките срцеви заболувања и мРНА вакцината против ковида-19 на „Фајзер“/„Бајонтек“ и на „Модерна“, додека за луѓето со ретки крвни нарушувања препорача да не се вакцинираат со вакцината на „Џонсон&Џонсон“.

Срцевите проблеми миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на срцевата обвивка) мора да бидат наведени како можни несакани ефекти на двете мРНА вакцини, соопшти денеска Одборот за безбедност на Европската агенција за лекови.

Таквите случаи се појавиле во рок од 14 дена по вакцинирањето, почесто по втората доза и кај млади возрасни мажи, наведува ЕМА. Ова се совпаѓа со наодите на американските здравствени власти објавени минатиот месец.

Панелот на ЕМА, исто така, се истакна дека луѓето со синдром на истекување на капиларите (ЦЛС) не треба да се вакцинираат со вакцината на „Џонсон&Џонсон“. Во јуни, ЕМА побара ЦЛС да се додаде на списокот на несакани ефекти од вакцината на „АстраЗенека“.

Вакцините на „АстраЗенека“ и на „Џонсон&Џонсон‘ користат различни верзии на вирусот на настинка за да пренесат упатства за создавање протеин на коронавирусот и да предизвикаат имунолошки одговор. Европската агенција за лекови, исто така, соопшти дека е премногу рано да се знае дали ќе бидат потребни повеќе од две дози вакцина против ковид-19. Се смета дека засега се доволни две дози.

„Фајзер“ и „Бајонтек“ вчера соопштија дека од американските и европските регулатори планираат да побараат одобрување на довакцинација со трета доза, врз основа на докази за зголемен ризик од зараза шест месеци по вакцинацијата и поради ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот, која прво беше идентификувана во Индија.

„Бајонтек“ „Модерна“ „Џонсон&Џонсон“ ЕМА Свет Срцеви заболувања фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.