НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се повлекува од Царина: Сугарески се кандидира во СДСМ за градоначалник на Прилеп

0
By Sashko on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Горан Сугарески се повлекува од позицијата в.д. директор на Царинска управа и во наредниот период ќе се фокусира на трката за градоначалник на Прилеп. Својата одлука ја сподели во пост на неговиот Фејсбук профил во кој напиша оти „сега е најпотребен меѓу своите“. Заклучокот, како што стои, го извел од секојдневните контакти со прилепчани, нивните сугестии, размислувања и иницијативи.

– Денес објавувам дека влегувам во демократска трка за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп на локалните избори. Доколку ја добијам довербата на моите сопартијци, сигурен сум дека како кандидат на СДСМ, заедно со жителите на нашата Општина Прилеп ќе оствариме заедничка сенародна победа. Победа на која ќе бидеме горди. Зошто го правам ова сега, неколку месеци пред локалните избори? Затоа што сметам дека на еден град херој му личи да биде пример и предвесник на новата скала во демократскиот развој“, се вели во ФБ постот на Сугарески.

Неговиот шестмесечен мандат како в.д. директор на Царинската управа завршува во понеделник, па затоа решил и предвреме да ја објави одлуката за своите натамошни активности.

– Целата своја досегашна политичка кариера ја минав како политички фајтер кој никогаш не задавал удари под појас. Затоа сметам дека е единствено исправно и политички коректно на истекот на шестмесечниот мандат како в.д. директор да прекинам да ја извршувам јавната должност во Царинската управа. Не сакам да оставам ниту трошка сомнеж дека на било каков начин ќе го злоупотребам моето учество во извршната власт за да влијаам на постапката за избор на кандидат за градоначалник, порача Сугарески.

На крајот на постот, тој истакна дека во понеделник (12 јули) се враќа на неговото работно место во Општина Прилеп.

Горан Сугарески градоначалник кандидатура Македонија Општина Прилеп СДСМ царина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.