НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иновација: Холандија со најдолга соларна патека за велосипеди што произведува струја

0
By Sashko on July 16, 2021 СВЕТ
Фото: abc.net.au
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Властите на холандската централна покраина Утрехт ја отворија, како што велат, „најдолгата соларна патека за велосипеди во светот“, поврзувајќи на тој начин одржлив извор на енергија со превоз без загадување. Сефте на патеката долга 330 метри направија ученици од локално основно училиште во селото Мартенсдијк во околината на Утрехт.

Патеката се состои од блокови на готов бетон, прекриени со тенок проѕирен слој кој заштитува и воедно овозможува продор на сончева светлина до вградените соларни ќелии кои произведуваат струја.

Целта на проектот е да се утврди дали такви патишта со двојна намена може да се користат за добивање на струја, со користење на соларна енергија, но и да служи на велосипедисти, во настојувањата на покраината Утрехт да ја намали емисијата на јаглерод.

– Тоа е многу важно. Сакаме да бидеме климатски неутрални до 2040 година и затоа мора да користиме иновации, а ова е многу иновативно. Нашата покраина е многу густо населена, а просторот е мал, па затоа мора да се пробаме со двојна употреба. Значи, ако патиштата може да се користат за производство на енергија, тоа е двојна предност, рече Арне Шаделе, официјално лице од покраината Утрехт.

Соларната патека е отворена на денот во кој Европската Унија промовира нов обемен попис во насока на исполнување на ветувањето дека во текот на оваа деценија ќе ја намали емисијата на гасови кои предизвикуваат глобално затоплување за 55 отсто.

велосипеди Производство Свет Соларна патека струја Утрехт Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.