НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ утре на дневен ред во Собрание, апел од Мицкоски за поддршка

0
By Sashko on July 21, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Резолуцијата за македонските црвени линии што ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ, според најавите на лидерот Христијан Мицкоски, ќе биде ставена на дневен ред во македонското Собрание во текот на утрешниот ден. Тој апелира со сите политички партии да го поддржат документот со кој, како што истакна, се зацврстуваат националните позиции во спорот со Бугарија, но порача дека е неопходен и за почетокот на пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ).

– Колку што имам информација, Резолуцијата ќе биде ставена на дневен ред во Собранието во текот на утрешниот ден. Очекувам поддршка од сите политички партии во Парламентот, без условувања и без демагогии, без изговори. Очекувам да се надминеме себе си и да покажеме единство што мислам дека во периодот кој следи ќе ни биде многу значајно во процесот на отпочнување на преговори со ЕУ и тоа само ќе ги зајакне на позициите на Македонија како држава, потенцираше Мицкоски пред вечерашниот настан „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе” во скопската населба Карпош.

Во однос на датумот на одржување на локалните избори, Мицкоски нагласи дека треба да остане 17 октомври и му порача на лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев да престане да го крши Уставот.

– Околу датумот на избори, тоа не е тема за која што ние ќе зборуваме на зелен пазар. Тоа е тема која што ја дефинира Уставот и навистина треба да прекинеме со праксата да го кршиме. Како дефинира Уставот, така ние треба да се однесуваме и тоа што го дефинира уставот, треба и да го примениме. Ако Уставот вели дека мандатот на градоначалниците и советите е четири години, тогаш по четири години ние треба да го имаме првиот круг избор на градоначалници и советници. Така што ова не треба да биде тема за дневна политика. Јасен е Уставот и го повикувам претседателот на Собранието, Талат Џафери да практично ги распише изборите, онака како што се според Уставот дефинирани, нагласи Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ Македонија резолуција Собрание Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.