НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во 13 часот ќе биде отворена 32-та Олимпијада, Македонија со осум спортисти

0
By Sashko on July 23, 2021 СПОРТ
Фото: olympicopeningceremony.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во 13 часот по македонско време, на Националниот стадион во Токио, ќе бидат отворени 32-те Летни олимписки игри, но без присуство на гледачи. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), а најавено е присуство и на 15 шефови на држави и меѓународни организации.

Македонија на Игрите во Токио испрати осум спортисти. Во улога на знаменосец за време на свеченото дефиле ќе биде таеквондистот Дејан Георгиевски. Со него требаше да се појави и џудистката Арбреша Реџепи која, сепак, ќе ја пропушти церемонијата поради делумната илозација што по блискиот контакт што го имала на пат кон Јапонија со позитивно лице на коронавирусот. Георгиевски во Токио ќе настапи во категоријата + 80 килограми, додека Реџепи во категоријата до 52 килограма.

Останати македонски репрезенти на олимписките борилишта ќе бидат 

Миа Блажевска Еминова – пливање/100 метри
Филип Деркоски – пливање/400 метри
Борјан Бранковски – спортско стрелаштво/10 метри
Пуликсенија Јованоска – карате/кати
Јован Стојоски – атлетика/400 метри
Магомедгаджи Нуров – борење слободен стил/97 килограми.

На Олимпијадата што ќе трае до 8 август ќе учествуваат околу 12.500 спортисти од целиот свет.

Игрите во Токио требаше да се одржат во минатата година, но поради пандемијата на ковид-19 беа одложени за 12 месеци. Но, и покрај тоа, проблемот со коронавирусот не е целосно надминат и ситуацијата во градот домаќин се влошува од ден во ден. Северна Кореја и Гвинеја веќе донесоа одлука да се повлечат од Игрите, а повеќе врвни спортски работници, како и луѓе од организацијата се скептични дека во услови на пандемија, најголемиот спортски светски настан може да мине без проблеми.

Од Меѓународниот олимписки комитет се децидни дека Олимписките игри ќе се одржат според зацртаниот натпреварувачки календар и дека со мерките на претпазливост, спортистите ќе бидат безбедни.

Македонија Олимпијада Отворање спорт Токио
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.