НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Абасадорката Холштајн: Германските компании тука вработија околу 20.000 работници

0
By НОВА ТВ on August 17, 2021 ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската амбасадорка ја посети компанијата со германски капитал, „Костал Македонија“.

„Костал“ како фирма е важна за земјата бидејќи тука не станува збор само за трудово интензивна дејност, туку за производство на производи со поголема додадена вредност, дотолку повеќе што компанијата вработува значителен број работници. Ова денеска го истакна амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја Анке Холштајн, која во рамки на работниот престој во Охридско-струшкиот регион ја посети компанијата со германски капитал „Костал Македонија“, каде се сретна со генералниот менаџер Виктор Мизо.

– Токму тоа и треба на земјата, модерна технологија и високо развиена индустрија. Тоа е она што државата ќе ја придвижи напред. Тука има околу 200 германски фирми, а Германија истовремено е и најголем трговски партнер на земјата. Германските компании овде имаат отворено околу 20 илјади работни места, 1.000 од нив се токму тука во „Костал“, а тоа компанијата успеа да го направи само во пет години. Ова е многу добар пример на кој начин една германска инвестиција во Северна Македонија може да се постави и понатаму да се развива, истакна амбасадорката Холштајн.

Амбасадорката рече дека развој е можен само преку добра соработка на сите чинители, посочувајќи дека е потребна транспарентност и одговорност од институциите за преземените обврски, бидејќи тоа се работи кои придонесуваат за успешни инвестиции.

Генаралниот менаџер на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, истакна дека комуникацијата со државните институции треба да биде потранспарентна и побрза, без оглед дали се работи за некакви регулативи или за исполнување на некои договорни обврски.

– Развојот на државата може да се случи само доколку се има добра соработката и со институциите и се зголеми обемот на соработка со домашни компании и домашните добавувачи, бидејќи сметаме дека на тој начин можеме да додадеме поголема додадена вредност во државата. Но, и да сме поконкурентни на пазарот, изјави Мизо.

На средбата станало збор и за хармонизација на царинските стапки, условите за добивање на државна помош и субвенционирање во различни делови од земјата, но и на кој начин неработната недела ќе ги афектира овие компании.

Германија инвестиции компании Македонија Мизо Холштајн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.