Прва доза на вакцина против коронавирус во Црна Гора досега примиле 44,1 проценти од возрасната популација, а ревакцинирани се 37,4 проценти. Досега се аплицирани 372.949 дози на вакцина против коронавирус.
Прва доза на вакцина против ковид-19 примиле 201.841 лице или 32,6 проценти, а втората 171,108 или 27,6 проценти од вкупното население.
Масовната вакцинација против ковид-19 во Црна Гора започна на 4 мај.