НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австралискиот премиер Морисон: Под карантин сè додека не се вакцинира 70 отсто од населението

0
By Sashko on August 22, 2021 СВЕТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австралија ќе се придржува до стратегијата за карантин против коронавирусот се додека најмалку 70 проценти од населението не биде целосно вакцинирано, но и потоа ќе мора да почне да живее со вирусот, рече денеска премиерот Скот Морисон.

Земјата вчера постави рекорд со 914 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на новозаразени, додека јужните и источните држави Нов Јужен Велс, Викторија и главниот град Канбера останаа под строг карантин, пренесуваат британските медиуми.

Не можете да живеете во карантин засекогаш, мора да го промените тоа во одреден момент, и тоа се случува кога 70 проценти од населението е вакцинирано, рече Морисон во телевизиско интервју.

Заклучувањето е клучен елемент во стратегијата на федералната влада за спречување на пандемијата на коронавирус, се додека не се достигне нивото на вакцинација од 70 проценти, а границите постепено ќе се отвораат кога бројот на вакцинирани ќе се зголеми на 80 проценти.

Заклучувањето не е одржлив начин за решавање на проблемот со вирусот и затоа мора да достигнеме 70 и 80 проценти од вакцинираните, за да можеме да почнеме да живееме со вирусот, додаде премиерот Морисон.

Во Австралија, која има 25 милиони жители, околу 60 проценти од населението во моментот се наоѓа во карантин.

Австралија имунизација Карантин Ковид-19 Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.