Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија ги разгледува начините за евакуација по затворањето на аеродромот во Кабул

0
By Biljana on August 23, 2021 СВЕТ
Фото: Reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 23, 2021 18:06

Германија ги разгледува начините за евакуација од Авганистан по истекот на рокот за летови од аеродромот во Кабул, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи.

„Додека дозволува ситуацијата на терен, сакаме да ги оставиме воздушните мостови отворени и да ги евакуираме луѓето од аеродромот во Кабул. Но, ние веќе размислуваме за начини по овој период и наоѓаме решенија за тој период“, рече портпаролот на редовната прес-конференција во Берлин, додавајќи дека Германија разговара со талибанците за евакуација на што поголем број луѓе.

„Германија досега евакуираше речиси 3.000 луѓе од 43 земји преку аеродромот во Кабул“, изјави генералот Еберхард Зорн.

Тој рече дека меѓу евакуираните има 143 Германци, околу 1.800 Авганистанци и околу 350 граѓани на други земји – членки на ЕУ.

Портпаролот на талибанците за британскиот канал „Скај њуз“ рече дека нема да се согласат на продолжување на евакуацијата од Авганистан, доколку тоа го побараат САД или Велика Британија.

„Тоа е црвената линија. (Американскиот) претседател (Џо) Бајден објави дека сите нивни воени сили ќе се повлечат на 31 август. Значи, ако се продолжи рокот, тоа значи дека се продолжува окупацијата, иако тоа не е потребно“, рече Сухаил Шахин, член на талибанската делегација во Доха.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас рече дека Обединетото Кралство во вторник, на виртуелен самит на Г7 посветен на Авганистан, има намера да побара од САД да продолжат со операциите за евакуација и по 31 август.

Авганистан Германија повлекување авганистан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.