НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Полицискиот час“ останува на сила во Албанија

0
By Sashko on August 25, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата во Албанија, денеска одлучи да продолжат анти-ковид мерките, меѓу кои и т.н. „полициски час и упати апел до граѓаните на нивно почитување и што поитна имунизација.

Претседателката на комитетот и заменик министерка за здравство Мира Ракацоли, на прес-конференција, изјави дека постојните мерки ќе останат во сила, притоа повикувајќи ги граѓаните да ги почитуваат.

Бројот на заразени е значително зголемен, а причина е присуството на делта варијантата. Бројот на заразени, а невакцинирани лица е 32 пати поголем од вакцинираните. Хоспитализирани со тешки форми се претежно невакцинирани. Ситуацијата може да се контролира со почитување на мерките и што помасовен одзив за вакцинација, изјави Ракацоли.

Посочи дека „полицискиот час“ и понатаму ќе трае од полноќ до 6 часот наутро, музика во угостителските објекти ќе може да има до 23 часот, останува обврска за носење маската во затворени простории и каде има групирања. Останува дозволата за собири на отворено до 50 луѓе, за спортски активности, за театарски претстави и културни настани со пополнетост на капацитетите до 30 отсто.

И директорката на Институтот за јавно здравје, Албана Фицо, како член на Комитетот, изјави дека „мерките не се сменети, туку треба да се спроведат, како што се употреба на маска, одржување на дистанца и хигиена“.

Неделниот просек на нови случаи се искачи на 482 случаја од 291 пред една недела. Вкупниот број на активни случаи во земјата се зголеми од 5.573 на 5.792, што доведе до зголемување на инциденцата во изминатите две недели за околу пет пати. Во однос на позитивноста на примерок, таа останува на 7,8 отсто. Стапката на смртност е 1,8 отсто. Кај возрасната група на лица на возраст од 35 до 64 години има значително зголемување на бројот на нови случаи. Саранда, Химара, Голема Малесија, Скадар, Тирана и Валона се општините со највисока инциденца, рече Фицо.

Според професор Димитар Краја, член на Комитетот, моментно болнички се третираат 90 ковид пациенти во Инфективната клиника во Тирана, од кои 60 отсто се мажи, 55 отсто се постари лица, 15 отсто млади, додека 30 отсто од хоспитализираните се во сериозна здравствена состојба.

Албанија Ковид-19 мерка полициски час регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.