НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РКЕ: Грејната сезона може да почне и порано, ако температурата е 12 степени и помалку

0
By Sashko on September 25, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) на Република Северна Македонија соопшти дека доколку прогнозата за средната надворешна температура е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, грејната сезона може да започне и порано односно на 1 октомври.

Грејната сезона официјално започнува од 15 октомври и трае до 15 април следната година, но доколку добиеме податоци од УХМР дека прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, РКЕ веднаш ги известува снабдувачите со топлинска енергија со насока да стартуваат со испорака, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во моментот се прават ладни проби за да може без проблем да започне испораката на топлинска енергија, информираа снабдувачите на одржаниот координативен состанок со РКЕ.

Одржавме состанок со Снабдување со топлина БЕГ и Скопје Север, додека со ЕСМ Енергетика во телефонски разговор ни потврдија дека се подготвени за новата грејна сезона. Снабдувачите се свесни дека измените на законите за зголемување на казните се во постапка и оваа грејна сезона веќе се на терен проактивни. Од БЕГ нè информираа дека во моментот имаат проблем со околу 380 колективни станбени објекти кои имаат дефекти во внатрешна инсталација или немаат електрична енергија во топлинските станици, со што е оневозможен пристап на екипите до топлинските станици. Апелирам до Управителите на објектите, односно Заедниците на сопственици да ги подмират навреме сметките за електрична енергија за топлинските станици за да може без проблеми да стартува грејната сезона, истакнува Бислимоски.

Од минатата грејна сезона до оваа, приклучени се околу 2.000 нови потрошувачи на трите топлани, меѓу кои и дел од комплексот „Лимак“. Инаку во Скопје, вкупно околу 60.000 домаќинства и објекти се греат на топлинска енергија.

БЕГ грејна сезона ЕСМ Енергетика Македонија Марко Бислимовски РКЕ топлинска енергија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.