НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Прифативме компромисен предлог за деескалација на северот од Косово

0
By Sashko on September 30, 2021 РЕГИОН
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска оцени дека постигнатиот договор во Брисел за регистраските таблички е „апсолутно најмногу што можеше да се постигне“ и дека тоа е добар резултат за Србија, иако дефинираше и одредени негативни аспекти од договореното, јави дописникот на МИА од Белград.

Мислам дека постигнавме еден вид компромисно решение од кое сум задоволен и мислам дека е важно за нашата страна, изјави Вучиќ на прес-конференција во Ниш, каде што претходно присуствуваше на почетокот на два проекти со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Тој кажа дека КФОР ќе ги постави своите сили на Јариње и на Брњак уште пред имплементацијата и ќе останат околу две недели со цел да се зачува безбедноста и слободата на движење.

Двете страни се согласија да ја повлечат РОСУ од премините Јариње и Брњак истовремено со отстранување на барикадите на 2 октомври, од 8 часот наутро, а повлекувањето на РОСУ да заврши до 16 часот, изјави Вучиќ.

Тој објасни дека на 4 октомври во 8 часот ќе биде воспоставен таканаречениот режим на налепници, како привремена мерка пред конечното решение.

Конечното решение е одложено извесно време, за што ќе имаме разговори во Брисел, изјави Вучиќ, наведувајќи дека тоа го смета за голем успех за срспката страна.

Исто така, договорено е да се формира Работна група составена од претставници на ЕУ, Белград и Приштина, која ќе бара трајно решение за табличките базирано на европските стандарди. Како што наведе, првиот состанок на Работната група е на 21 октомври во Брисел, а шест месеци по првиот состанок ќе се презентираат наодите.

Вучиќ кажа и дека е задоволен од постигнатото и оцени дека Белград реагираше одговорно и паметно и дека покажа дека секогаш ќе биде со својот народ.

Властите во Белград јасно им ставија до знаење на меѓународните претставници и на НАТО дека доколку постои закана за безбедноста и КФОР не ја заврши својата работа во согласност со мандатот, ние самите ќе бидеме подготвени и способни да го спасиме нашиот народ, кажа тој.

Говорејќи за можните недостатоци на договорот, Вучиќ оцени дека еден од нив е дека веројатно до потешко решение ќе треба да се постигне во наредниот период, како и фактот дека табличките издадени од српските власти во пракса ќе може да се користат само во северно Косово.

Од друга страна, Вучиќ рече дека договорот донел подобра ситуација од онаа пред 10 години и дека останува да се види како ќе се преговара во наредниот период.

„Следната тема во дијалогот ќе биде Заедницата на српски општини (ЗСО)“, кажа Вучиќ, додавајќи дека е јасно дека секоја слична акција на Росу ќе наиде на реакција од Србите, додека враќањето на КФОР покажа дека е можно остварување на дополнителна гаранција за српското население.

Тој додаде дека е јасно дека повеќе нема да има отстранување на пробните регистарски таблички или плаќање на пет евра за привремени регистарски таблички.

Особено ќе нема отстранување на српските КМ таблички издадени од Белград за таа област, ниту прогон на лица кои ги имаат тие таблички. Ние го одбранивме правото на слобода на движење и стока, кажа тој.

Вучиќ додаде дека не треба да се дејствува триумфално, но дека е јасно дека Приштина повеќе не може да дејствува исклучиво со политиката на свршен чин.

Александар Вучиќ Брисел Договор Косово регион Регистарски таблички Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.