НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мадрид ќе биде домаќин на наредниот Самит на НАТО во јуни во 2022 година

0
By Sashko on October 8, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мадрид ќе биде домаќин на наредниот НАТО самит на 29 и 30 јуни во 2022 година, соопшти шпанскиот претседател Педро Санчез на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на воената алијанса, Јенс Столтенберг.

Шпанскиот премиер изрази надеж дека Самитот ќе „обезбеди единство и ќе ја зајакне сплотеноста во рамк на НАТО“ и ќе и помогне на Алијансата да формулира „ажурирана стратегија за безбедносните предизвици со кои се соочуваме“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера соопшти дека лидерите на НАТО ќе одобрат нов стратешки концепт за Алијансата на Самитот во Мадрид во 2022 година.

Разговаравме за нов стратешки концепт на НАТО, кој ќе биде усвоен на следниот самит на НАТО во Мадрид во 2022 година и ќе стане план за понатамошна адаптација на Алијансата кон новите услови. Ќе ги потврди вредностите, целите и задачите на Алијанса, рече генералниот секретар.

Столтенберг нагласи дека стратешкиот концепт ќе ја нагласи важноста од зголемување на трошоците за одбрана и дополнителни инвестиции во набавка на ново оружје потребно за целокупната безбедност на НАТО. Зголемувањето на трошоците за одбрана ќе вклучи дополнителни средства за воените и цивилните буџети на Алијансата и дополнителни трошоци за инфраструктура.

Столтенберг, исто така, нагласи дека на состанокот се разговарало за соработката меѓу ЕУ и НАТО и подготовка на третата заедничка декларација НАТО-ЕУ, која ќе биде потпишана во декември на состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата.

Сегашниот стратешки концепт на НАТО „Активно учество, модерна одбрана“ беше подготвен во 2010 година.

Јенс Столтенберг Мадрид НАТО Педро Санчез Самит Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.