НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австралија ја укинува забраната за патување во странство на своите граѓани

0
By Sashko on October 27, 2021 СВЕТ
Фото: agoda.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австралија ја укинува забраната за патување во странство без дозвола, соопшти денеска владата, а до крајот на годината треба да бидат отворени и границите на земјата за квалификувани работници и за странски студенти.

Повеќе од 18 месеци по затворањето на меѓународните граници на Австралија, целосно вакцинираните граѓани во иднина нема да мора да бараат одобрение за напуштање на земјата, се наведува во заедничкото соопштение на министерствата за здравство и за внатрешни работи.

Ова е соопштено во време кога стапката на ревакцинирани возрасни лица во земјата се доближува до целта од 80 проценти.

Министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус изјави дека приоритет сега им се дава на австралиските државјани, додека другите ограничувања за патување, вклучувајќи ги и оние кои не се државјани на Австралија, ќе се олеснуваат попатно, со зголемувањето на стапката на вакцинација.

Пред крајот на годината, очекуваме да примиме квалификувани работници и странски студенти кои се целосно вакцинирани, изјави Ендрјус.

Премиерот Скот Морисон, кој ги најави овие промени на почетокот на месецот, кажа дека Австралија е „многу блиску“ до објавување дека ги отвора реципрочните патувања со Сингапур, земјата која во вторникот соопшти дека Австралијанците веќе нема да мора да одат во карантин по пристигнувањето во оваа град-држава.

Како одговор на коронавирусот Австралија на 20 март минатата година воведе гранични ограничувања, што беа оценети како едни од најстрогите во светот. Во текот на 600 дена, бројни меѓународни летови беа приземјени, а патувањата во странство беа целосно намалени.

Австралија забрана Ковид-19 патување Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.