Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Kузеска: Објавените документи покажуваат дека Данела ја излажа јавноста

0
By Sashko on October 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 29, 2021 13:26

На денешната прес конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска рече дека кандидатката за градоначалник на Град Скопје поддржана од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска ја излажа јавноста и којзнае што се друго крие.

„Објавените документи докажуваат дека Арсовска ја излажа јавноста. Таа има бугарско државјанство и бугарски документи и не е важно како таа се чувствува, туку зошто крие“, рече Кузеска.

Во продолжение обраќањето на Кузеска:

„Јавноста ја дозна вистината за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и кадар на Груевски, Данела Арсовска. Сите нејзини лаги се целосно разобличени. Сѐ што сакаше да сокрие Арсовска излезе на виделина. Објавените документи покажуваат дека Данела Арсовска ги излажа граѓаните, таа поседува бугарско државјанство и бугарска лична карта. Не е проблем тоа како се чувствува Арсовска, проблем е што ги гледа граѓаните во очи и ги лаже додека ја бара нивната доверба.
Ако Арсовска се крие и лаже за вакви работи, за што се друго лаже? Овој нечесен, неодговорен однос е потценување на граѓаните и жителите на Скопје.
Ваквото однесување е одлика на режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ чиј кадар и кандидат е и самата Данела Арсовска. За таквиот нечесен однос Арсовска ќе го добие одговорот од граѓаните на изборите во недела.
Скопјанки и скопјани нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го уништуваат градот. Граѓаните знаат дека со СДСМ се на сигурно, дека СДСМ е гарант дека градот и државата се на курсот на напредокот, на развојот, на интеграцијата и еднаквоста. Во недела граѓаните ќе донесат одлука Скопје да продолжи по исправниот пат на развојот и напредокот со Петре Шилегов.
Во недела граѓаните ќе ги поразат остатоците од режимот поддржани од лажните левичари од Левица. Од гласот на граѓаните в недела зависи и мнозинството во градскиот совет.
Ништо не е завршено, битката во Скопје е в недела, по што ќе видиме кој има реално мнозинство.
Сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив.
В недела обединувањето на демократските, прогресивните сили во Скопје, обединувањето на гласот за напредок ќе значи и пресврт во советот.
Почитувани граѓани,
Ајде да се обединиме сите, сите прогресивни и демократски сили, за Скопје да остане на вистинскиот пат, да продолжи рамномерниот развој на градот.
Да заокружиме 12 за Петре Шилегов, за СДСМ и коалицијата”.

 

Богданка Кузеска Данела Арсовска Македонија прес конференција СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.