Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рекорд: Албанија годинава увезе електрична енергија за 213 милиони евра

0
By Sashko on November 22, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 22, 2021 16:33

Увозот на електрична енергија во Албанија годинава достигна рекордна вредност, највисока досега во историјата на државата, за што од јануари до ноември се потрошени 213 милиони евра, се наведува во анализата на весникот „Монитор“.

Како што јави дописничката на МИА од Тирана, во анализата се додава дека за да се разбере финансиската дупка предизвикана од ситуацијата во финансиите, доволно е да се каже дека оваа сума претставува 44,42 отсто од вкупниот приход на Електродистрибуција.

Цените на увозот по денови и недели се движеле од 220 до 320 евра по мегават. Доколку хидролошката ситуација не претрпи тековно подобрување, на компанијата ќе ѝ требаат уште најмалку 65-70 милиони евра за набавка на струја до крајот на годинава, констатира „Монитор“.

Исто така, се оценува дека месец со најголеми енергетски трошења, најверојатно, ќе биде ноември, кога од 3-ти до 23-ти ноември се потрошени 65 милиони евра, во кој износ не е внесена сумата за последната недела од месецот и додава дека во октомври биле потрошени 65,8 милиони евра.

Електродистрибуција претходно информира дека увозот од јануари до септември бил 83 милиони евра.

Земјата во моментот е во вонредна состојба во снабдувањето со електрична енергија и за ова се преземени низа мерки, како што се суспендирање на инвестициите од пазарните оператори, обезбедување 100 милиони евра со цел да се обезбеди енергија за потрошувачката во земјава, пишува „Монитор“.

Владата деновиве одобри и нови 100 милиони евра кои ќе се користат за увоз на струја за следната година.

Албанија регион струја увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.