Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден со порака до нацијата: Омикрон е причина за грижа, но не паничете, земете бустер доза

0
By Sashko on November 29, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 29, 2021 20:37

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска се обрати до нацијата и одговараше на прашања околу новиот вид на ковид-19. Именуван како Омикрон, вирусот најпрвин беше откриен во Јужна Африка, за потоа да се прошири најмалку во 14 земји.

Претседателот рече дека Омикрон е причина за загриженост, но не и за паника и уште еднаш повика на масовна вакцинација во земјата, нагласувајќи дека е неопходно да се земе и третата, засилувачка доза. Тој истакна дека администрацијата активно работи со производителите на вакцини за вакцинација на сите Американци.

На брифингот на кој одговараше на прашања од новинари, учествуваше и Ентони Фаучи, главниот експерт за инфективни заболувања во Белата куќа.

Бајден денеска се среќава со раководителите на повеќе компании за да посочи на проблемите со снабдувањето и инфлацијата за време на празничната сезона на шопинг, а во сенка на новата варијанта на коронавирусот.

Инаку, американската администрација презеде низа мерки за намалување на инфлацијата која пред некое време достигна максимално ниво во изминатите 31 година. Мерки со кои се намалуваат пречките во снабдување, како растоварување на пристаништата и давање повеќе време за премин на камионите по автопатиштата на земјата.

Тој истакна и дека се води истрага за зголемените цени на транспортните услуги и за можните незаконски дејства со местење на цената на бензинот.

Шефот на Белата куќа денеска се среќава со првите луѓе на компаниите Best Buy, Food Lion, Samsung North America, Qurate Retail Group, Todos, Etsy, Mattel и Kroger. Виртуелно ќе се приклучат и генералниот директор на Walmart Даг Макмилон и генералниот директор на CVS Health Карен Линч.

Коронавирус Омикрон САД Свет Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.