НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борисов со порака од Пампорово: Нема да гласаме за владата на Петков која ќе биде катастрофа за Бугарија

0
By Sashko on December 11, 2021 РЕГИОН
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ГЕРБ, најголемата парламентарна опозициска партија во Бугарија, Бојко Борисов, изјави дека нема да ја поддржат новата влада на Кирил Петков на гласањето што е закажано во Народното собрание во понеделник.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Борисов, владата во која е Бојко Рашков (технички министер за внатрешни работи) и мрачен шеф на комунистичката истражна служба и кандидат на БСП за државен обвинител, нема да добие поддршка од ГЕРБ во собраниската сала.

Тој предвиде дека новата влада ќе биде катастрофа за Бугарија, објаснувајќи дека е зависна и неспособна. Борисов ги даде овие коментари на состанокот со младинската организација на ГЕРБ во планинското одморалиште Пампорово.

На ГЕРБ ѝ е потребна идеологија повеќе од кога било. Во моментот ГЕРБ може да се врати на својата идеологија и на патриотска партија, бидејќи тоа се докажала, рече тој и додаде дека, „основата на оваа партија се христијанските вредности и она што го вели Црквата“.

Тој посочи дека патриотските, конзервативните, христијанско-демократските, христијанските вредности – сето тоа е приоритет и лице на ГЕРБ.

Според него, тие ги почитувале правата на сите – и на другите етнички групи, и на другите религии, и на неистомислениците и на луѓето со друга сексуална ориентација.

Борисов најави дека против Кирил Петков, иден премиер на Бугарија, и Асен Василев, кој ќе биде прв вицепремиер и министер за финансии во новата влада, ќе застанат армија луѓе со подобри биографии, поубави и попаметни, и тоа од денеска ќе почне да го демонстрира, таргетирајќи ги младите во ГЕРБ.

Бојко Борисов Влада ГЕРБ гласање парламент регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.