Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи – Лозано Гарсија: Политичките односи меѓу С. Македонија и Шпанија на одлично ниво, има потенцијал за развивање на економската соработка

0
By Sashko on December 16, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 16, 2021 17:49

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија во земјава, Хозе Луис Лозано Гарсија на денешната средба изразија подготвеност за продолжување на меѓусебните контакти, со цел интензивирање на економската соработка и создавање на уште поцврсти односи меѓу двете пријателски земји.

Исто така, Битиќи му честитал на амбасадорот Лозано Гарсија за новото именување, при што му посакал успех за време на мандатот и притоа ги истакнал добрите политички односи меѓу Северна Македонија и Кралството Шпанија.

Дополнително, вицепремиерот Битиќи се осврна и на потенцијалот на нашата држава како дестинација за странските инвестиции, бидејќи ние како земја со последните законски промени го имаме еден од најатрактивните пакети за поддршка на инвестиции во преработувачката индустрија, и истиот е целосно во согласност со ЕУ директивите, соопштија од Кабинетот на вицепремиерот.

Амбасадорот Лозано Гарсија го потврдил интересот на шпанските компании за инвестирање во Северна Македонија, особено во секторите градежништво и во ИТ секторот каде се најприсутни до сега, како и потенцијалот во секторите за третирање на отпадни води и третман на цврст отпад за кои исто така постои голем интерес од нивна страна.

Соговорниците разговарале и за економската соработка меѓу двете земји, при што е констатирано дека оваа година, има зголемена трговска активност во однос на претходните години.

амбасадор вицепремиер Лозано Гарсија Македонија средба Фатмир Битиќи Хозе Луис Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.