Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клеман Бон: Волја во Софија и во Скопје за што поскоро решавање на проблемот, Франција е подготвена да помогне

0
By Sashko on December 22, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 22, 2021 09:05

Франција смета дека во моментот не може да се одреди конкретен датум за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Мора да се најде решение за проблемите меѓу двете земји што е можно поскоро, но поставувањето рокови може да ја наруши динамиката на процесот. Ова пред новинарите во Софија по завршувањето на посетата го изјави францускиот државен секретар за европски прашања, Клеман Бон.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Клеман Бон рече оти „гледа волја кај новата бугарска влада и кај македонските власти во Скопје да го продолжат дијалогот“. Според него, Франција е подготвена да го поддржи овој процес како партнер и како следен претседавач со Советот на ЕУ.

За да се зачува стабилноста на Балканот, рече тој, Франција не може да чека предолго, но во исто време мора да имаме разбирање за проблемите што Бугарија и Северна Македонија треба да ги решат.

Ја напуштам Софија со самодоверба и надеж, бидејќи од бугарските власти слушнав волја да се најде решение што е можно поскоро, изјави Клеман Бон.

Тој потсети дека Франција побарала нова методологија за преговори со земјите кои веќе ги започнале преговорите, како Србија и Црна Гора, како и оние кои допрва треба да преговараат, како Северна Македонија и Албанија. Овие преговори веќе не треба да бидат правни, технократски и автоматски, мора да има политички и реверзибилен процес во дискусиите за проширувањето, нагласи францускиот државен секретар за европски прашања.

За време на посетата на Софија, Клеман Бон беше примен од претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Бугарија Клеман Бон Македонија решение спор Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.