НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јосиповиќ за Нова ТВ: Европа испадна нефер кон Македонија

0
By Sashko on December 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако иницијативата „Отворен Балкан“ е показна вежба за членство во ЕУ ,тогаш тоа е добра работа

Во интервју за Нова ТВ, поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ зборува за актуелните состојби во ЕУ во однос на проширувањето, хрватските искуства од процесот на преговорите за членство и состојбите во регионот на Западниот Балкан.

Нова ТВ: Како ја гледате перспективата на регионот со оглед на колебањата во ЕУ и ова статус-кво во процесот на проширувањето?

Јосиповиќ: Европа испадна нефер кон Македонија, бидејќи Македонија направи се што беше нејзина задача за да ги започне преговорите за членство. Мене ме изненадија барањата на Бугарија со сите елементи кои се познати. Јас можам само да кажам дека тие проблеми ќе биде отстранет и дека Македонија брзо ќе ги започне преговорите.

Сепак би сакал да кажам дека добар дел од политичките елити имаат погрешен пристап. Поаѓаат од тоа дека ЕУ е должна да ги прифати сите земји, а тие да не треба да преземаат ништо од своја страна во смисла на реформи.

Често ја забележувам илузијата дека членството во ЕУ ќе се случи само по себе без да се спроведат по некогаш и болни реформи. Македонија е пример како се прават болни и тешки чекори, бидејќи се знаеше дека без тоа не може да се оди напред  иако сега може да зборуваме за праведноста на тоа што се случи.

Нова ТВ: Дали постои реална политичка волја во ЕУ да ја задржи таа траснсформациска моќ на процесот на проширувањето што ја видовме и во случајот на Хрватска?

Јосиповиќ: Мислам дека волја постои. Од нашето искуство знам дека размислуваа и проценуваа дали да примат земја која по нивниот суд не ги задоволува стандардите и дали таа земја ќе биде траблмејкер во ЕУ. Моравме сериозно да се потрудиме и да спроведеме сериозни реформи, да повлечеме некои тешки потези, посебно поврзани, кога зборуваме за јавното мислење, со судот за воени злосторства во Хаг и некои други реформи кои можеби нам не нѝ изгледаа добро, но сепак, ги спроведовме, бидејќи беше јасно дека без тоа нема да има членство. Сепак тоа повеќекратно нѝ се исплатеше.

Во тој цел процес на преговори кој долго траеше ние станавме многу подобра држава но и се подобри работите генерално во општеството. Тие реформи, политички, економски, правни, нè направија да бидеме многу подобри. Во тој процес дојдоа и пари кои не се безначајни.

Сакам да кажам дека политичките елити во регионот мора да сфатат дека земјите-членки размислуваат дали ќе добијат некој кој ќе им биде кочничар и товар како нов член.

Нова ТВ: Во која мерка преговорите се реален трсансформациски процес?

Јосиповиќ: Преговорите ви се потребни. За жал, вие имате билатерални проблеми, и ние имавме такви проблеми со Словенија. Тоа не е став на целата ЕУ. Проблем е што се одлучува едногласно, па поедини земји-членки можат да бараат и нешто што е надвор од европскиот контекст, туку прашање на билатерала. Ние имавме голема корист од преговорите. Нѝ се стабилизираше економскиот систем, правниот систем. Добивме сериозна финансиска поддршка за развој на разни служби. Тоа е сериозен процес.

Нова ТВ: Некои велат дека кога ЕУ навистина би сакала да ги започне преговорите дека Бугарија сама не би можела да го блокира процесот.

Јосиповиќ: Не е точно тоа. Еве нас нè блокираше Словенија. Немојте тоа да го потценувате.

Нова ТВ: Како ја оценувате актуелната ситуација во регионот. Некои дури сметаат дека постојат опасности од нов циклус на дестабилизација на Балканот. Кога ова се тврди, во предвид треба да се земе и еден поширок геополитички контекст со оглед на тензиите на исток и руското воено концентрирање на границата со Украина

Јосиповиќ: Јасно е дека ова не е светол момент за југоистокот на Европа. Постојат бројни билатерални проблеми. Еве вие го имате проблемот со Бугарија за кој еве уште еднаш велам се надевам дека ќе се реши брзо. Постојат проблеми помеѓу Србија и Косово, Босна со соседите, а најсериозни се оние внатре во Босна. И тука за внатрешните проблеми на Босна не се криви ни Србија, ни Хрватска. Нивни главен проблем е што не можат внатре во своите граници меѓу нив да пронајдат решение. Навистина ми е жал за тоа, бидејќи ја сакам таа земја и жал ми е што не можат да дојдат до консензус меѓу нив за тоа каква држава сакаат. Јас секогаш бев на таа полатичка линија дека не треба никој да кажува каква држава треба да имаат туку дека треба да седнат и сами да се договорат.

Нова ТВ: Дали очекувате поголем ангажман на американката администрација во правец на забрзување на процесите кои ќе доведат до решенија?

Јосиповиќ: Ќе биде сигурно. И ЕУ ќе се потруди. Американците испратија елитна екипа на амбасадори на Балканот, меѓутоа тоа не е доволно. Не постои магично стапче. Нема американски амбасадори на местото на државите да ги спроведат реформите. Уште еднаш ќе повторам дека властите во сите држави мора да знаат дека без реформи нема ЕУ.

Нова ТВ: Каква е вашата оценка за иницијативата „Отворен Балкан“?

Јосиповиќ: Се зависи во такви сојузи кој што сака да постигне со тоа. Ако е тоа показна вежба за членство во ЕУ тоа е добра работа. Доколку пак ако станува збор за некоја калкулација со спротивставени вредности од оние на ЕУ нема да биде добро. За мене вака од страна гледано на прв поглед мислам дека тоа  е добро и може да биде употребено како показател за тоа дека државите се подготвени да живеат и да соработуваат заеднички па удри и кога се разликуваат во поедини политички прашања.

 

ЕУ Западен Балкан Иво Јосиповиќ интервју Македонија отворен балкан преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.