Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога премиерот е во оставкa и владата е во оставка: Одложена седницата за пратенички прашања

0
By Sashko on December 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 23, 2021 13:30

Собраниската седница посветена на пратенички прашања што требаше да се одржи денеска e одложена, откако на нејзиниот почеток беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, а со тоа и оставка на целата Влада.

Претседателот на Собранието Талат Џафери оцени дека е нецелисходно да се одржат пратеничките прашања, бидејќи Владата е во оставка и тоа, рече, е воспоставена практика од минатото.

На одложувањето на седницата за пратенички прашања процедурално реагираше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот Никола Мицевски, оцени дека ова е уште еден обид за бегање на претставниците на Владата од одговорност за, како што рече, катастрофалните политики, криминалот и корупцијата.

Денеска требаше да се одржи 55-та седница за поставување на пратенички прашања на која нема претставници на Владата. Она што нас нè загрижува и она што Владата упорно се обидува да го забошоти е делот од Уставот каде во член 93, покрај другите ставови каде е регулирана оставката на Владата, ставот 5 вели дека Владата на која ѝ е изгласана недоверба, поднела оставка или на која мандатот и претстанал поради распуштање на Собранието останува на должност до избор на нова влада. Тоа е она за што ние зборуваме, во правото постои институт влада во оставка, тоа е влада која треба да раководи со државата во наредниот период до избор на нова согласно роковите и деловникот што го имаме, рече Мицевски.

Според него, откажувањето на оваа седница е уште еден доказ плус за нетранспарентноста на работата на Владата и за нејзините постојани обиди да побегне од одговорност и давање одговори за лошото работење. Од мандат од 17 месеци на оваа Влада, ние, рече тој, „имаме одржано само осум седници за пратенички прашања“.

Мицевски побара одговор од Џафери на прашањето „како може владините претставници да можат да образложуваат закони на други собраниски седници, а не може да одговараат на пратенички прашања“.

Само денеска има закажани четири седници на кои треба да дојдат и присуствуваат истите министри на кои вие денеска им забранивте да дојдат на седница за пратенички прашања, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери одговори дека е некоректно да се мешаат работи по однос на состојба на распуштање на Собрание и по однос на оставка на премиер, односно Влада.

Тоа не се исти состојби. Распуштање на Собрание не подразбира и престанок на мандат на Владата, туку таа продолжува до изборот на нова влада. По оставка на премиер, следува оставка на цела Влада, а според процедурите и членовите 219 и 220 од Деловникот, Собранието констатира престанок на мандат на Владата, а таа Влада на која и престанува мандат по однос на оставка на премиер по член 93 од Уставот е должна да продолжи да врши работи до избор на нова Влада. Искуствено од претходните мандати и периоди на работа на Собранието никогаш не се случувало на Влада која дала соатавка да и се поставуваат пратенички прашања, рече Џафери.

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Оставката беше констатирана без Заев усно да ја образложи. Оставката на премиерот повлекува оставка и на целата Влада. Оставката на премерската функција Заев ја поднесе вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во доставената оставка Заев наведе дека ваквата одлука ја презел како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.

На премиерската функција Заев беше од 31 мај 2017 година, а втор премиерски мандат освои на изборите на 15 јули минатата година.

Со констатирањето на оставката почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова Влада.

Влада Македонија оставка пратенички прашања премиер седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.