НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со барање за враќање на имињата на улици од мандатот на Трајановски

0
By Sashko on December 29, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: facebook/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Враќање на старите имиња на улици, плоштади, мостови и булевари од времето на екс градоначалникот Коце Трајановски, побара советничката групата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Барањето за поништување на одлуката за именување на улици, мостови, булевари и плоштади во мандатот на Петре Шилегов го испорача Марија Андоновска.

Одлуката од претходниот состав е донесена во несоодветен момент, пред изборите и во неа има низа неправилности, недоречености и, според напи сознанија, фали извесна документација. Затоа бараме поништување на таа одлука“, рече Андоновска од таборот на ВМРО-ДПМНЕ.

На тоа реагираше Љубица Јанева од СДСМ која нагласи дека старите имиња на улици не може да се вратат со поништување на веќе донесена одлука, туку дека е неопходна нова одлука за именување на улици што треба да мине и во Влада.

И покрај забелешката на Јанева, претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески ја вметна предложената точка во дневниот ред. Позитивно по неа се изјаснија 24 советници од ВМРО-ДПМНЕ, од Левица и од Алијанса за Албанците.

Градоначалничката Данела Арсовска не искажа став на седницата дали е потребно заменување на сегашните 570 имиња на мостови, улици, плоштади и булевари со претходните.

барање ВМРО-ДПМНЕ Град Скопје Македонија преименување Скопје Совет улици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.