Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Успеавме да спречиме драстично поскапување на струјата

0
By Sashko on December 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 30, 2021 18:36

Во услови на светска енергетска криза, успеавме да спречиме драстично поскапување на електричната енергија од над 25 проценти и да го активираме домашното производство за ублажување на ценовниот шок. Цената на електричната енергија на универзалниот снабдувач – ЕВН Хоум за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе биде покачена за 9,48 проценти во однос на претходниот пресметковен период, како што информираше Регулаторната комисија за енергетика, објави премиерот Зоран Заев.

Заев, исто така, посочува дека се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела.

Солидарност на сите чинители на електро-енергетскиот сектор, редуцирање на трошоците и штедење е од голема важност. Рестрикции на електрична енергија нема да има. Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција на успешно соочување со енергетската криза. Во моментов има доволно обезбедени количини на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со два блока. ТЕЦ Неготино веќе е вклучен со половина капацитет, од јануари ќе работи со полн капацитет, а од јануари ќе биде вклучен и третиот блок на РЕК Битола, објави Заев на својот Фејсбук профил.

Сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство, односно без увоз.

На денешната седница Владата на предлог на Министерство за економија обезбеди 60 милиони денари финансиска поддршка со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година. За првпат се воведува парична помош за најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон, пишува Заев.

Состојбата, посочува Заев, се следи и со сите релевантни чинители се донесуваат решенија во интерес на граѓаните, со цел ублажување на ефектите од светската енергетска криза.

ЕВН Хоум Зоран Заев Македонија Поскапување премиер РКЕ струја цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.