НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Речиси милион случаи на ковид-19 за 24 часа

0
By Sashko on January 5, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Соединетите Американски Држави потврдија, речиси, милион нови случаи на коронавирус во понеделникот, што е најмногу во светот, додека високо заразниот омикрон сој не покажува знаци на забавување.
Бројот на хоспитализирани пациенти е зголемен за речиси 50 отсто во изминатата недела и сега изнесува над 100.000, објавија американските медиуми.
Во текот на изминатата недела, просечниот број на новозаразени изнесувал 486.000 дневно, а тој број е двојно зголемен за седум дена. Меѓу 978.856 новозаразени во понеделникот, се наоѓаат и некои случаи од саботата и неделата, бидејќи многу држави не известуваат за време на викенди.
Просечниот број на смртни случаи од ковид-19 во САД се движи околу 1.300 дневно.
Според податоците на Американската академија за педијатрија и Здружението на детски болници, минатата недела се регистрирани повеќе од 325.000 заразени деца, што е речиси двојно повеќе од пред две недели.
Белата куќа вчера соопшти дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ги финализира договорите за 500 милиони брзи тестови за коронавирус кои планира да ги подели бесплатно на Американците со цел да се намали притисокот врз местата за тестирање. Дополнително, администрацијата двојно ја зголеми нарачката за антивирусен лек на „Фајзер“ против ковид-19.
Здравствените власти нагласуваат дека вакцинациите и дополнителните дози остануваат најдобриот начин за избегнување на тешки форми на болеста.
Ковид-19 Омикрон САД Свет случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.