Уште едно лице, по Новак Ѓоковиќ и Рената Ворацова, се најде во проблеми во Австралија, откако властите почнаа ретроактивно да трагаат по тенисер(к)и и службени лица кои претходно ја минале границата и влегле во земјата.
Се почна со запирањето на српскиот тенисер на аеродромот во Мелбурн по што „протече“ информација дека сите останати со статус на „медицински исклучок“, освен него, ја минале границата.
Најпрво Ворацова беше приведена и сместена во истиот хотел во кој се наоѓа и Ѓоковиќ, а сега доаѓа вест и за протерување.
Како што пренесува локалниот портал „Ејџ“, лицето само ја напуштило Австралија. Во прашање не е натпреварувач, туку официјално лице на Австралија опен чиј идентитет не е познат. Засега не е позната судбината на Ворацова, меѓутоа се верва таа наскоро ќе биде депортирана.
Новак Ѓоковиќ се жалеше на одлуката на австралиските федерални власти пред судот во сојузната држава Викторија чија одлука се очекува во понеделнилк.