Членовите на Христијанко-демократската унија (ЦДУ), германска партија од десниот центар, го избраа Фридрих Мерц за нов лидер.
Генералниот секретар на ЦДУ, Пол Цимјак рече дека Мерц добил, речиси, 95 отсто од гласовите за време на виртуелната партиска конференција.
Официјалните избори дојдоа по неформалното гласање во текот на минатиот месец во кое Мерц ги победи противкандидатите Норберт Ротген и Хелга Браун.
Мерц го обвини германскиот канцелар Олаф Шолц дека нема јасен став во спорот со Русија поради распоредување на руски трупи во близина на границата со Украина.