НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свечен пречек на македонската владина делегација во Софија

0
By Biljana on January 24, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: НоваТВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За НоваТВ од Софија, Биљана Божиновска

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков со највисоки државни почести ја пречека македонската владина делегација во Софија. 

Со интонирање на химната на Република Северна Македонија и на химната на Република Бугарија, делегацијата на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски, свечено со највисоки државни почести беше пречекана на Плоштадот „Александар Невски“ во Софија. На свечената церемонија која се одржа пред Црквата Св. Александар Невски, претседателите на двете Влади, Димитар Ковачевски и Кирил Петков беа пречекани од воениот оркестар и националната гарда на Бугарија.

Двајцата премиери положија свежо свеќе пред познатиот „Споменик на незнаен војник“ во центарот на Софија, како и пред споменикот на Св. Кирил и Методиј. По свечениот пречек, двете делегации присуствуваа на отворање на претставништво на МИА во Културно информативниот центар во Софија, а доцна попладне Ковечевски и Петков ќе бидат гости во рекоратот на Софијскиот универзитет.

Заедничката седница на двете Влади ќе се одржи утре во 9 часот по локално време, по што ќе следи потпишување на билатерални документи и прес конференција на двајцата премиери, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Претседсателот на Владата, Димитар Ковечевски, во текот на утрешниот ден предвидено е да се сретне и со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Премиерот Ковачевски, во официјалната посета на Бугарија е придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, како и министрите, Бујар Османи за надворешни работи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министетрот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, советникот за надворешни работи на Владата, Едмонд Адеми.

ВО СОФИЈА Димитар Ковачевски Кирил Петков македонска и бугарска влада македонско-бугарски односи Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.