НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Заложба на Владата е минималната плата да се зголеми на 18.000 денари

0
By Sashko on January 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска попладнево остварила средба со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски на која се разговарало за зголемување на минималната плата, соопшти МТСП.

Министерката, како што се посочува во соопштението, истакнала дека заложбата на Владата е зголемување на минималната плата на 18.000 денари што е можно побрзо во текот на оваа година и дека социјалниот дијалог со сите засегнати страни продолжува со цел да се изнајде најодржливото решение за сите отворени прашања.

Порастот на минималната плата ќе продолжи во текот на целиот мандат и до крајот ќе изнесува 20.000 денари. Како Влада и како Министерство постојано работиме на унапредување на работничкиот статус. Го цениме трудот на работниците, особено во услови на светска економска и здравствена криза и токму затоа, согледувајќи ја економската состојбата на граѓаните, покачувањето на минималната плата е повеќе од потребно. Затоа мора да има такво покачување, особено ако се знае дека тие предизвикуваат и спирално зголемување на сите плати и во приватниот и во јавниот сектор, рекла Тренчевска.

На средбата станало збор и за правото на регрес за годишен одмор за јавниот сектор при што Тренчевска посочила дека Владата е отворена и подготвена на дијалог преку кој ќе се дојде до најсоодветно решение.

Министерката информирала дека денешната средба што требаше да се одржи во Владата со претставниците на ССМ е одложена поради отсуството на владините функционери, кои се во посета на Софија каде утре ќе се одржи меѓувладината седница со бугарската Влада.

Од СССМ, чие раководство денеска требаше да се сретне со владини претставници за да разговара за зголемувањето на минималната плата, по одложувањето на средбата најавија дека во петок ќе го свикаат Претседателството и Советот на синдикатот со цел активирање на штрајкувачките одбори и утврдување дата за подготовки за штрајк.

Дарко Димовски Јована Тренчевска Македонија минимална плата МТСП средба ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.