НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има вртоглаво зголемување на цените, Владата ќе ги објави сите компании што направија вештачки скок на цените

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 6, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска најави дека Владата ќе ги објави сите компании кои направиле вештачки скок на цените, ако инспекциските служби утврдат дека порастот не бил реален.

Битиќи останува на ставот дека е направено вештачко зголемување на одредени производи, а како пример посочува тестенина за која маржата на добивка за два дена скокнала од 4 на 72,5 проценти.

– Дека има вртоглаво и вештачко зголемување на цените, кажав и минатата недела. Еве, два примера зошто го тврдев тоа. За само два дена, маржата на добивка кај тестенина од еден производител, пораснала од четири отсто на 31 мај на 72,5 отсто т.е. граѓаните плаќаат 65 отсто повисока маржа на добивка за тестенина од еден производител, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на фабриката „Таб мак“ во Пробиштип.

Во текот на оваа недела, според најавите на вицепремиерот, повторно треба да има и средба со претставници на Сојузот на синдикати кои најавија генерален штрајк на 22-ри овој месец поради неисполнување на нивните барања.

Дијалогот, како што изјави Битиќи, продолжува и има отворени прашања за кои треба да се разговара.

– Имаме отворени прашања со ССМ. Не е само усогласувањето на платите и нивното барање за линеарно зголемување на платите. Тука е методологијата за раст на платите и законот за плати кој треба еднаш за секогаш да го реши прашањето за зголемувањето, ефикасноста, ефективноста.Треба да седнеме на маса. Веќе оваа недела ќе ги повикаме, за да зборуваме за овие отворени прашања, објасни вицепремиерот Битиќи.

битиќи вештачки скок цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.