Започна Самитот на Отворен Балкан кој се одржува во Белград. Справувањето со енергетската криза, снабдувањето со храна и подобрувањето на регионалната соработка и инвестициската околина се денешните важни теми за разговор. Главни учесници на самитот се македонскиот премиер Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама. Учесник на самитот е и старо-новата премиерка на Србија, сега во улога на мандатар Ана Брнабиќ.
Самитот се одржува во проширен состав со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, и со шефовите на дипломатиите на Турција, Унгарија и Босна и Херцеговина.